11

3106AKC

Инвалидска количка за церебрална парализа – HIPPO+

ФЗОМ 3106

Стручно лице од Славеј, зема мерки од детето и ја одредува големина на количката. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

56.485,00 ден

Партиципација: 0%

Доплата: 22.138 – 24.524 ден.

Големина

1

2

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Невролошка количка HIPPO+ е опремена со сите потребни додатоци за секојдневно користење и позиционирање на детето;
  • Количката има предни ротирачки тркала што овозможуваат полесно движење, тенда и прекривка која го штити детето од сонце, дожд и ветар;
  • Амортизерите на количката ги намалуваат вибрациите при движење по нерамен пат;
  • Има ротирачко седиште и голем број додатоци кои го држат детето во правилна позиција;
  • Од опрема има ремен со 5 нивоа за подесување, потпирач за глава, странични пелоти, клин за абдукција, торба за пелени, зимска прекривка, прекривка за дожд, држач за раце и склоплива тенда.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина: 118/120 см
  • Ширина на седиште: 31/34 см
  • Длабочина на седиште: 25/30 см
  • Вкупна ширина: 64/67 см
  • Вкупна висина: 105/113 см
  • Висина на наслон: 45/55 см
  • Тежина на количка: 19/21 кг
  • Тежина на корисник: 25/35 кг

Медицински индикации

  • Детска церебрална парализа – различни форми;
  • Менингомиелоцела;
  • Повреди на мозокот и ‘рбетниот мозок;
  • Мускулни заболувања поврзани со пареза и парализа;
  • Генетски нарушувања поврзани со пареза;
  • Други болести поврзани со пареза, парализа и повреди на локомоторниот систем;
  • По трауматска повреда на мозокот, ‘рбетот со повреда на ‘рбетниот мозок и долните екстремитети.

ФЗОРСМ медицински индикации

  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.