Силиконска навлака (Линер) APDT-TP/APFR-TP – Alps®
Категорија: Навлаки
Силиконска навлака со градуирана дебелина на материјалот, од подебел слој на предната страна кон потенок слој на задниот дел, за да обезбеди поголема слобода на движење на корисниците. Во предниот дел навлаката има дебелина од 6 мм, а во задниот 3 мм. Со ова се обезбедува помала иритација и високо ниво на заштита на коскените делови. Навлаката се препорачува за корисници со подколена ампутација (транстабијална), со средно и високо ниво на активност.