Oпис
- Синдромот на пателофеморална болка е честа причина за болка во предниот дел на коленото;
- Како последица на различни биомеханички причини, пателата може да се помести нанадвор, од својата природна положба;
- Ортозата Patella Pro е специјално дизајнирана за да ја држи пателата во зглобот на бедрената коска, при свиткување (флексија) и исправање (екстензија) на ногата;
- Има механизам за следење на пателата кој безбедно ја води пателата во физиолошкиот зглоб и на тој начин го спречува нејзиното лизгање нанадвор;
- Со центрирање на пателата во зглобот, притисокот врз ‘рскавицата физиолошки се распределува низ целата површина;
- Помага да се стабилизира зглобот на коленото и ја ублажува болката;
- Дава чувство на сигурност за време на секојдневните активности и го подобрува квалитетот на живот.