Oпис
- Omo Neurexa служи за стабилизација на рамото после мозочен удар;
- Мозочниот удар или повредите на централниот или периферниот нервен систем можат дa доведат до парализа на рамото;
- Се јавува болка и отежнато движење на раката;
- Една од причинита за таа болка во рамото е делумната дислокација на главата на хумерусот од рамениот зглоб;
- Omo Neurexa го подобрува налегнувањето на главата на хумерусот во чашката на рамениот зглоб со што се ублажува причината за болката;
- Тоа помага рамото да се стабилизира и правилно да функционира;
- Omo Neurexa ортозата значително ја ублажува болката и ја подобрува целокупната положба на телото.