Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.
ФЗОРСМ медицински индикации
B91 Секвели од полиомиелит;
G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
G35 Мултипла склероза;
G71.1 Миотонични заболувања;
G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
G83.3 Моноплегија неозначено;
G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на зглоб, некласифицирана на друго место;
М24.5 Контрактура на зглоб;
М24.6 Анкилоза на зглоб;
М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб, некласифицирани на друго место;
М25.2 Расцепен зглоб;
М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на друго место;
М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
М62.4 Контрактура на мускул;
М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифицирано на друго место;
М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на фемурот;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
– Сите видови на млитава и спастична парализа;
– Контрактури;
Q05.7 Лумбална спина бифида без хидроцефалус.
Препишува
Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.
ФЗОРСМ право на ново помагало
До 7 години на 12 месеци
Над 7 години на 14 месеци
18-65 години на 24 месеци
Над 65 години на 36 месеци
Слични производи
Појас за парастомална кила
Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
Милвоки мидер
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
Производ
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.