Технички податоци
- Максимална тежина на корисник: 125 кг
- Тежина: 1,4 кг
- Висина: 242 см
Микропроцесорското колено Orion 3 има подобрени функции и понапредна технологија. Orion3 им овозможува на корисниците безбедно да го реплицираат природното движење низ различни терени и со различни брзини.
Водоотпорен: Orion 3 e тестиран на млаз вода од повеќе правци и доби меѓународен сертификат за IP-55. Ова им овозможува на корисниците да имаат поголема слобода и да не бидат ограничени од временските услови. Orion3 е опремен со дренажни отвори, што овозможува водата слободно да истекува од уредот. Строгите тестови потврдуваат дека корисниците на Orion3 се безбедни на дожд.
Подобрени перформанси за стабилност: Микропросерки командуваните функции го намалуваат ризикот од сопнување или паѓање. ESP функцијата го прилагодува хидрауличниот отпор во реално време, обезбедувајќи оптимална поддршка на положбата, без разлика дали се движите во гужва, на нерамен терен, падини, скали или стоите. Orion3 континуирано ја следи активноста на корисникот и соодветно на тоа реагира за поголема безбедност.
Природно движење: Orion3 има карактеристика која обезбедува поголема отпорност на флексија кога ќе се појави ненадејно забавување, со што доведува до зголемена сигурност на коленото. Со ова корисникот добива поголема поддршка, контрола и стабилност.