Микропроцесорко колено C-LEG

C-Leg им помага на луѓето со ампутација на долните екстремитети да постигнат поактивен и независен начин на живот.
Со многуте иновативни карактеристики, безбеден, динамичен и модерен. Без разлика дали сте на рамен терен, се спуштате по скали, падини или тешки површини како што се шумски пат, песок и чакал, па дури и одење наназад  C-Leg активно се прилагодува на секојдневните ситуации. Стоењето со малку свиткано колено сега е уште поприродно и поопуштено. Независност од временските услови зашто C-Leg е оценета со услов IP67. Овој рејтинг значи дека C-Leg 4 е заштитен од оштетување од дожд или краткотрајно потопување во слатка вода до длабочина од еден метар максимум триесет минути. Исто така, нова е можноста за контрола на C-Leg со помош на апликацијата на уредите со Apple (iOS) и Android.

Опис

Повеќе од 40 студии ги потврдуваат придобивките на C-Leg како што се:

  • Значително намален бројот на паѓањата кај корисниците.
  • Помалку одвлекување на вниманието, бидејќи поголемата стабилност значи дека вниманието не е насочено кон избегнувањето пречките.
  • Зголемена доверба во протезата.

Напомена

  • Максимална телесна тежина 136кг.
  • Микропроцесоркото колено C-LEG е наменето за корисници чиј степен на активност е среден и висок (3+4)

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Микропроцесорко колено C-LEG”
Shopping Cart