• Зглобни механизми

    Eдносовински коленски зглоб – 3R90

    3R90 е модуларен едносовински коленски зглоб со фрикциона кочница.
    Коленото е важен дел од човечкиот локомоторен систем. Квалитетот на коленскиот зглоб е клучен кога долниот екстремитет мора да се замени со протеза.
    Коленoто 3R90 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2). Интегрираната кочница во коленскиот зглоб се активира при оптеретување на петата, со што се стабилизира протезата и се добива високо ниво на сигурност во фазата на потпирање. Кога оптеретувањето се пренесува кон предниот дел на стапалото, кочницата автоматски се деактивира за полесно и координирано започнување на фазата на нишање, поради што на почеток на фазата на нишање нема потреба од подигнување на колкот.
    Коленото 3R90 е колено со висок степен на сигурност во одењето.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Mодуларен пневматски едноосовински коленски зглоб – 3R92

    3R92  е модуларен пневматски едноосовински коленски зглоб со фрикциона кочница и пневматска контрола на свиткувањето.
    Коленoто 3R92  е наменето за корисници чиј степен на активност е среден до висок (2+3). Има двојна пневматска единица со прогресивен ефект за управување на свиткувањето во фазата на нишање.
    Фрикционата кочница функционира исто како кај 3R90, се активира при оптеретување на петата, а се деактивира кога оптеретувањето се пренесува кон предниот дел на стапалото. Како и кај 3R90 за почеток на фазата на нишање нема потреба од подигнување на колкот.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Коленски зглоб со кочница – 3R15

    3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
    Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото.  При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Лакотен зглоб Dynamic arm 12K100N – Ottobock

    12K100N DynamicArm е миоелектронски лакотен зглоб, управуван од електромотор и е наменет за корисници со трансхумерални или повисоки нивоа на ампутација. Флексијата на лакотниот зглоб е контролирана со мускулни сигнали. Има висока сила за кревање и држење. Движењата се природни и прецизни со брзо позиционирање. Има атрактивен изглед  и ниско ниво на бучава. Деловите од  силикон ги елиминираат звуците предизвикани од потпирање или удари во тврда површина.

    Протезата е особено незабележителна, благодарение на безшумната фаза на свиткување и обликот и бојата кои се вклопуваат во целокупната слика на човечкото тело.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Микропроцесорско колено – SmartIP

    Погодно е за користење во надворешни услови за корисници со среден и висок степен на активност.
    SmartIP е микропроцесорско контролирано колено што користи компјутерска технологија со која во реално време го подесува коленото до оптимални поставки на флексија и екстензија на коленото индивудуално за секој корисник со што се намалува енергијата потребна за чекорење.

     

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Микропроцесорко колено C-LEG

    C-Leg им помага на луѓето со ампутација на долните екстремитети да постигнат поактивен и независен начин на живот.
    Со многуте иновативни карактеристики, безбеден, динамичен и модерен. Без разлика дали сте на рамен терен, се спуштате по скали, падини или тешки површини како што се шумски пат, песок и чакал, па дури и одење наназад  C-Leg активно се прилагодува на секојдневните ситуации. Стоењето со малку свиткано колено сега е уште поприродно и поопуштено. Независност од временските услови зашто C-Leg е оценета со услов IP67. Овој рејтинг значи дека C-Leg 4 е заштитен од оштетување од дожд или краткотрајно потопување во слатка вода до длабочина од еден метар максимум триесет минути. Исто така, нова е можноста за контрола на C-Leg со помош на апликацијата на уредите со Apple (iOS) и Android.

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Пневматски коленски зглоб – 3R106

    Пневматскиот коленски зглоб 3R106 ги олеснува секојдневните активности.
    Секој кој се грижи за домот и сака да биде активен  ја знае важноста на флексибилноста на движењето. Од подигање предмети од под  до отворање на најдолните фиоки  потребен е голем агол на свиткување на коленото. Ова е причината зошто корисниците сакаат коленски зглоб со функционалност што е што поблиску до природниот модел. 3R106 има двојна пневматска единица со вентил за контрола на свиткувањето. При поголема брзина на одење, отпорот на свиткувањето се зголемува авто-адаптивно, што спречува преголемо свиткување, а со тоа движењата се хармонични и контролирани дури и при поголема брзина на одење. Свиткувањето на коленото е до 170 °.
    Коленoто е  наменето за корисници со степен на активност среден до висок (2+3)

    Додај во кошничка
  • Зглобни механизми

    Повеќеосовински модуларен коленски зглоб – 3R21

    3R21 е повеќеосовински модуларен коленски зглоб за дезартикулација.
    Горниот дел на зглобот е со дел за ламинација и долниот дел на зглобот се поврзани со предниот и задниот дел со осовини. Демонтажниот дел за ламинирање е поврзан со лежиштето. Стабилноста на фазата на потпирање се постигнува преку повеќеосовинската кинематика. Отпорот и јачината на пружината можат да се подесуваат во секое време.
    Коленoто 3R21 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2).

    Додај во кошничка
Shopping Cart