-
Зглобни механизми
Eдносовински коленски зглоб – 3R90
3R90 е модуларен едносовински коленски зглоб со фрикциона кочница.
Коленото е важен дел од човечкиот локомоторен систем. Квалитетот на коленскиот зглоб е клучен кога долниот екстремитет мора да се замени со протеза.
Коленoто 3R90 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2). Интегрираната кочница во коленскиот зглоб се активира при оптеретување на петата, со што се стабилизира протезата и се добива високо ниво на сигурност во фазата на потпирање. Кога оптеретувањето се пренесува кон предниот дел на стапалото, кочницата автоматски се деактивира за полесно и координирано започнување на фазата на нишање, поради што на почеток на фазата на нишање нема потреба од подигнување на колкот.
Коленото 3R90 е колено со висок степен на сигурност во одењето. -
Зглобни механизми
Mодуларен пневматски едноосовински коленски зглоб – 3R92
3R92 е модуларен пневматски едноосовински коленски зглоб со фрикциона кочница и пневматска контрола на свиткувањето.
Коленoто 3R92 е наменето за корисници чиј степен на активност е среден до висок (2+3). Има двојна пневматска единица со прогресивен ефект за управување на свиткувањето во фазата на нишање.
Фрикционата кочница функционира исто како кај 3R90, се активира при оптеретување на петата, а се деактивира кога оптеретувањето се пренесува кон предниот дел на стапалото. Како и кај 3R90 за почеток на фазата на нишање нема потреба од подигнување на колкот. -
Зглобни механизми
Коленски зглоб со кочница – 3R15
3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото. При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување. -
Зглобни механизми
Микропроцесорско колено – SmartIP
Погодно е за користење во надворешни услови за корисници со среден и висок степен на активност.
SmartIP е микропроцесорско контролирано колено што користи компјутерска технологија со која во реално време го подесува коленото до оптимални поставки на флексија и екстензија на коленото индивудуално за секој корисник со што се намалува енергијата потребна за чекорење. -
Зглобни механизми
Микропроцесорко колено C-LEG
C-Leg им помага на луѓето со ампутација на долните екстремитети да постигнат поактивен и независен начин на живот.
Со многуте иновативни карактеристики, безбеден, динамичен и модерен. Без разлика дали сте на рамен терен, се спуштате по скали, падини или тешки површини како што се шумски пат, песок и чакал, па дури и одење наназад C-Leg активно се прилагодува на секојдневните ситуации. Стоењето со малку свиткано колено сега е уште поприродно и поопуштено. Независност од временските услови зашто C-Leg е оценета со услов IP67. Овој рејтинг значи дека C-Leg 4 е заштитен од оштетување од дожд или краткотрајно потопување во слатка вода до длабочина од еден метар максимум триесет минути. Исто така, нова е можноста за контрола на C-Leg со помош на апликацијата на уредите со Apple (iOS) и Android. -
Зглобни механизми
Пневматски коленски зглоб – 3R106
Пневматскиот коленски зглоб 3R106 ги олеснува секојдневните активности.
Секој кој се грижи за домот и сака да биде активен ја знае важноста на флексибилноста на движењето. Од подигање предмети од под до отворање на најдолните фиоки потребен е голем агол на свиткување на коленото. Ова е причината зошто корисниците сакаат коленски зглоб со функционалност што е што поблиску до природниот модел. 3R106 има двојна пневматска единица со вентил за контрола на свиткувањето. При поголема брзина на одење, отпорот на свиткувањето се зголемува авто-адаптивно, што спречува преголемо свиткување, а со тоа движењата се хармонични и контролирани дури и при поголема брзина на одење. Свиткувањето на коленото е до 170 °.
Коленoто е наменето за корисници со степен на активност среден до висок (2+3) -
Колена
Пневматско едноосовинско колено со фрикциона кочница – Tedra
Пневматското колено TEDRА има можност за подесување на екстензијата со што се овозможува одлична стабилност и контрола на фазата на нишање. Спојот на коленото со фрикционата кочница нуди одлична стабилност. Кочницата автоматски се ослободува кога оптеретувањето е на петата.
Наменето за корисници со среден и висок степен на активност (3). -
Колена
Пневматско повеќеосовинско колено – Sipra
Sipra е пневматски коленски зглоб со целосна контрола на свиткувањето и со одлична стабилност на фазата на нишање.
Повеќеосовинската кинематика нуди удобно одење на корисникот.
Наменето за корисници со среден и висок степен на активност.