Лакотен зглоб Dynamic arm 12K100N – Ottobock
12K100N DynamicArm е миоелектронски лакотен зглоб, управуван од електромотор и е наменет за корисници со трансхумерални или повисоки нивоа на ампутација. Флексијата на лакотниот зглоб е контролирана со мускулни сигнали. Има висока сила за кревање и држење. Движењата се природни и прецизни со брзо позиционирање. Има атрактивен изглед и ниско ниво на бучава. Деловите од силикон ги елиминираат звуците предизвикани од потпирање или удари во тврда површина.
Протезата е особено незабележителна, благодарение на безшумната фаза на свиткување и обликот и бојата кои се вклопуваат во целокупната слика на човечкото тело.
Коментари
Се уште нема коментари.