Опис
- Максимална телесна тежина 100 кг
3R15 е модуларен едносовински коленски зглоб со кочница.
Наменето е за корисници со низок степен на активност (1). Закочувањето е автоматско при целосна екстензија на коленото. При одење коленото е закочено и нема свиткување со што се добива стабилност и сигурност при одот. Свиткувањето на коленато е до 140 °. Деблокирањето на коленото е при седнување и рачно со сајлата за откочување.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
C-Leg им помага на луѓето со ампутација на долните екстремитети да постигнат поактивен и независен начин на живот.
Со многуте иновативни карактеристики, безбеден, динамичен и модерен. Без разлика дали сте на рамен терен, се спуштате по скали, падини или тешки површини како што се шумски пат, песок и чакал, па дури и одење наназад C-Leg активно се прилагодува на секојдневните ситуации. Стоењето со малку свиткано колено сега е уште поприродно и поопуштено. Независност од временските услови зашто C-Leg е оценета со услов IP67. Овој рејтинг значи дека C-Leg 4 е заштитен од оштетување од дожд или краткотрајно потопување во слатка вода до длабочина од еден метар максимум триесет минути. Исто така, нова е можноста за контрола на C-Leg со помош на апликацијата на уредите со Apple (iOS) и Android.
Погодно е за користење во надворешни услови за корисници со среден и висок степен на активност.
SmartIP е микропроцесорско контролирано колено што користи компјутерска технологија со која во реално време го подесува коленото до оптимални поставки на флексија и екстензија на коленото индивудуално за секој корисник со што се намалува енергијата потребна за чекорење.
Пневматското колено TEDRА има можност за подесување на екстензијата со што се овозможува одлична стабилност и контрола на фазата на нишање. Спојот на коленото со фрикционата кочница нуди одлична стабилност. Кочницата автоматски се ослободува кога оптеретувањето е на петата.
Наменето за корисници со среден и висок степен на активност (3).
3R21 е повеќеосовински модуларен коленски зглоб за дезартикулација.
Горниот дел на зглобот е со дел за ламинација и долниот дел на зглобот се поврзани со предниот и задниот дел со осовини. Демонтажниот дел за ламинирање е поврзан со лежиштето. Стабилноста на фазата на потпирање се постигнува преку повеќеосовинската кинематика. Отпорот и јачината на пружината можат да се подесуваат во секое време.
Коленoто 3R21 е наменето за корисници чиј степен на активност е низок до среден (1+2).
Функционирањето на хидрауличното повеќеосовинско колено TROYA е многу блиско до нормалната функција на коленото и е наменето за корисници со среден и висок степен на активност. Во коленото се користи течен медиум наместо воздух, а со тоа се добива поширок опсег на брзини на одење.
Повеќеосовинската кинематика нуди удобно чекорење и одлична контрола на фазата на нишање.
Коментари
Се уште нема коментари.