Собна инвалидска количка – Стандард

11.031,00 ден

3102 | Инвалидска собна количка – Стандард

Партиципација: 0%

  • Склоплива собна инвалидска количка со метална рамка;
  • Има ремени за фикасија на нозете и ротирачки потпирачи кои можат да се отстранат;
  • Потпирачите за раце може да се подигнат;
  • Алуминиумски кочници;
  • Полни задни и предни гуми;
  • Лесна за транспорт;
  • Задните тркала лесно се демонтираат.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 390-510 мм
  • Длабочина на седиште: 410-440 мм
  • Висина на седиште: 450 мм
  • Должина: 1100 мм
  • Висина: 960 мм
  • Тежина на количка: 19 кг
  • Максимална тежина на корисник: 135 кг

ФЗОМ Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G20-G26
Екстрапирамидални заболувања и заболувања на движењето;
G30-G32
Други дегенеративни болести на нервниот систем;
G35-G37
Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64
Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72
Болести на мионевралната спојка на мускул;
G80.0
Спастична церебрална парализа;
G80.2
Спастична хемиплегична церебрална парализа;
G80.3
Дискинетична церебрална парализа;
G80.9
Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
G81(G81.0-G81.9)
Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5)
Параплегија и тетралегија;
I69(I69.0-I69.8)
Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8)
Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6
Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9
Секвели од повреди на долен екстремитет;
T95.3 и T95.9
Секвели од изгореници, корозии и смрзнатини;
M05; M06; M07; M08; M10
Воспалителни полиартропатии;
M15.9
Полиартроза, неозначено;
M30-M36
Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91
Секвели од полиомиелит.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Собна инвалидска количка – Стандард”
Shopping Cart