Напомена
- Наменето за корисници со максимална телесна тежина 125 кг.
Динамичното стапало 1D10 наликува на природната форма на стапалото со мазна површина, обликувани прсти и ножен палец.
Функционалните карактеристики се постигнуваат преку докажаната комбинација на контурно јадро и гумена (функционална пена)обвивка. Ова резултира со удобен удар на петата и помек премин на фазите (нишање/потпирање) отколку кај SACH стапалото. Обвивката има подобрени динамички карактеристики. 1D10 се испорачува заедно со титаниумски модуларен адаптер.
1D10 стапалото е достапно во големини од 22 до 30 сантиметри.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Во домот и надвор карбонското стапало ASYA нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата за корисници со степен на активност 3 и 4 и тежина до 150кг.
Стапалото се препорачува за активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.
Опсег на големина: 22 см-29 см.
Лесно стапало за активни корисници. Вертикална апсорпција на ударите и ефикасен поврат на енергијата. Погодно е за пешачење на сите терени, како и за разновидни рекреативни спортови.
Elite 2 стапалото е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 166 кг.
Опсег на големина: 24 см-30 см.
Во домот и надвор карбонското стапало Lara нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата. Се препорачува за корисници на протези со степен на активност 3 и 4. Извонредната апсорпција на ударите на петатат големиот поврат на енергијата го прави одличен избор за активните корисници. Стапалото се препорачува за секојдневните активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.
Lara стапалото е соодветно за корисници со телесна тежина до 125 кг.
Опсег на големина: 22 см-29 см.
ProSymes е протетско стапало за Symes ампутации и, во некои случаи, за Пирогоф ампутации .
Можноста за прилагодување дозволува корекција на положбата на стапалото за време на пробите и при апликација на протезата. Со малата висина од само 43 mm (вклучувајќи го и ламинацискиот прстен и обвивката) 1C20 е идеално решение за лица со Symes ампутации,кои бараат динамично стапало со извонредна сигурност и перформанси. Идеално е погодно за одење по разни видови површини и за рекреативно спортување.
Стапалото со своите својства е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 125 кг.
1C20 ProSymes стапалото е достапно во големини од 25 до 28 сантиметри .
1C60 Triton одличнo се однесува и при големо оптеретување.
Направено од лесен, композит од јаглеродни влакна и пружина од полимер со високи перформанси кои формираат кохезивен систем. Ова овозможува исклучителнo стабилен од по нерамни површини или при брзо менување на правецот, како на пример при спортување.
1C60 Triton е погоден за корисници кои сакаат да имаат динамично стапало погодно за секојдневниот живот и рекреативното спортување степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 150 кг.
1C60 Triton стапалото е достапно во големини од 21 до 30 сантиметри .
Коментари
Се уште нема коментари.