-
Надколени протези
Гумено едноосовинско стапало – 1H40
Едноосовинското стапало 1H40 има природен облик со мазна површина и формирани прсти. Стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок и среден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 100 кг. Стапалото овозможува на корисникот брзо да постигне сигурност во стоењето и одот. Тие се особено погодни за корисници со трансфеморална ампутација.
1H40 стапалото е достапно во големини од 22 до 29 сантиметри.
-
Надколени протези
Стапало Greissinger Plus – 1A30
1A30 Greissinger Plus стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок и среден степен на активност (1-2) и за телесна тежина до 100 кг. Протетското стапало може ги компензира нерамнините на подлогата, со што овозможува безбедно пешачење и стоење. Сеопфатната подвижност се постигнува со титаниумскиот адаптер во облик на прстен прилагодлив према оптеретувањето и е достапен во три различни нивоа на крутост. Стапалото, се издвојува со својот природен изглед, вклучувајќи го и обликот прстите.
Greissinger Plus стапалото е достапно во големини од 24 до 29 сантиметри .
-
Надколени протези
Гумено стапало SACH – 1S90
1S90 стапалото со своите својства е погоднo за корисници со низок исреден степен на активност (1-2) и со телесна тежина на корисникот до 125 кг.
Функционалните својства се постигнуваат преку комбинација на профилирано дрвено јадро и гумена (функционална пена) обвивка. Има стандардна форма на стапало со природен изглед, мазна површина, обликувани прсти и палец. Има висина на пета од 10 +/- 5 mm.
SACH стапалото е наменето за употреба во модуларни и егзоскелетни протези. -
Надколени протези
Динамично стапало – 1D10
Динамичното стапало 1D10 наликува на природната форма на стапалото со мазна површина, обликувани прсти и ножен палец.
Функционалните карактеристики се постигнуваат преку докажаната комбинација на контурно јадро и гумена (функционална пена)обвивка. Ова резултира со удобен удар на петата и помек премин на фазите (нишање/потпирање) отколку кај SACH стапалото. Обвивката има подобрени динамички карактеристики. 1D10 се испорачува заедно со титаниумски модуларен адаптер.1D10 стапалото е достапно во големини од 22 до 30 сантиметри.
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало ASYA
Во домот и надвор карбонското стапало ASYA нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата за корисници со степен на активност 3 и 4 и тежина до 150кг.
Стапалото се препорачува за активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.Опсег на големина: 22 см-29 см.
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало Elite 2 – Blatchford
Лесно стапало за активни корисници. Вертикална апсорпција на ударите и ефикасен поврат на енергијата. Погодно е за пешачење на сите терени, како и за разновидни рекреативни спортови.
Elite 2 стапалото е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 166 кг.Опсег на големина: 24 см-30 см.
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало Lara
Во домот и надвор карбонското стапало Lara нуди стабилност и сигурен контакт со подлогата. Се препорачува за корисници на протези со степен на активност 3 и 4. Извонредната апсорпција на ударите на петатат големиот поврат на енергијата го прави одличен избор за активните корисници. Стапалото се препорачува за секојдневните активности дома, на работа, за пешачење и при рекреативно спортување. Конструкцијата на петата овозможува извршување на активностите со помала потрошувачка на енергија со што се намалува потрошувачката на енергија во одењето.
Lara стапалото е соодветно за корисници со телесна тежина до 125 кг.
Опсег на големина: 22 см-29 см.
-
Надколени протези
Карбонско динамично стапало ProSymes – 1C20
ProSymes е протетско стапало за Symes ампутации и, во некои случаи, за Пирогоф ампутации .
Можноста за прилагодување дозволува корекција на положбата на стапалото за време на пробите и при апликација на протезата. Со малата висина од само 43 mm (вклучувајќи го и ламинацискиот прстен и обвивката) 1C20 е идеално решение за лица со Symes ампутации,кои бараат динамично стапало со извонредна сигурност и перформанси. Идеално е погодно за одење по разни видови површини и за рекреативно спортување.
Стапалото со своите својства е погоднo за корисници со среден и висок степен на активност (3-4) и за телесна тежина до 125 кг.1C20 ProSymes стапалото е достапно во големини од 25 до 28 сантиметри .