Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Дигитална анализа на стапала
400,00 ден
Нашите стапала се дизајнирани да ги контролираат фазите на стоење, одење и трчање како и брзите премини од една во друга фаза, а притоа постојано da останеме во рамнотежа. Поради фактот дека еден просечен човек во животот поминува на своите стапала повеќе од 150 000 км јасно е дека стапалата постојано се изложени на огромно оптоварување кое се пренесува на колената, колковите и рбетниот столб. Од тие причини здравјето на нашите стапала се многу важни за целокупната состојба на локомоторниот систем.
Најголем дел од нашите пациенти се јавуваат на преглед на стапалата дури кога ќе почувствуваат проблем и болки, иако наш совет е да се прават превентивни анализи на оптоварувањето на стапалата со цел да се превенираат деформитети, повреди и појава на болки во стапалата, колената или рбетниот столб со користење на адекватни ортопедски влошки.
Во процесот на анализа на стапалата користиме модерен скенер со кој го анализираме оптоварувањето на стапалата во контакт со подлогата (бароподометрија) како и разликите во оптоварувањето на стапалата.
При анализата се зема и скен на распоредот на оптоварувањето. Врз основа на тие параметри, земајќи ги предвид и навиките на живеење препорачуваме соодветни ортопедски влошки кои се изработуваат индивидуално од соодветни ортопедско-технички материјали, со цел растоварување на пооптеретените зони, стабилизирање на петата и корекции на сводовите на стапалото.
Доколку се решите за купување влошки или чевли скенот е бесплатен.
Related Products
-
Ортопедски влошки
Силиконска влошка за пета
750,00 денСиликонската влошка за пета има релаксирачки својства кај болки во пета (epin calcaneus) и Ахилова тетива.
-
Стапало
Силиконска влошка за пета со постава
550,00 денСиликонската влошка со постава има релаксирачки својства кај болки во пета (epin calcaneus) и Ахилова тетива. Влошките се изработени од силиконски материјал со средна тврдина и прикриени со текстил кој апсорбира пот и влага.
-
Ортопедски влошки
Силиконски влошки ¾ од стапалото
1.150,00 денСиликонските влошки со својот дизајн обезбедуваат анатомска поддршка на стапалото и балансирана распределба на оптавуравењето на долниот дел од стапалото. Скратената должина на влошката овозможува поголем комфор во предниот дел на чевлите.
Имаат смирувачко и релаксирачко дејство. Може да се постават во секоја чевла.
-
Ортопедски влошки
Силиконски влошки за цело стапало
1.250,00 денСиликонските влошки со својот дизајн обезбедуваат анатомска поддршка на стапалото и балансираната распределба на оптоварувањето на долниот дел од стапалото.
Има смирувачко и релаксирачко дејство. Може да се постави во секоја чевла. -
Стапало
Силиконско метатарзално перниче
550,00 денМетатарзалното перниче е направаено од медицински силикон и неговата основна задача е да го апсорбира шокот и да ја намали болката во предниот дел од стапалото. Дава удобна и долготрајна поддршка и влијае на намалување на создавање на калус.
Коментари
Се уште нема коментари.