• Ортопедски влошки

    Дигитална анализа на стапала

    400,00 ден

    Нашите стапала се дизајнирани да ги контролираат фазите на стоење, одење и трчање како и брзите премини од една во друга фаза, а притоа постојано da останеме во рамнотежа. Поради фактот дека еден просечен човек во животот поминува на своите стапала повеќе од 150 000 км јасно е дека стапалата постојано се изложени на огромно оптоварување кое се пренесува на колената, колковите и рбетниот столб. Од тие причини здравјето на нашите стапала се многу важни за целокупната состојба на локомоторниот систем.
    Најголем дел од нашите пациенти се јавуваат на преглед на стапалата дури кога ќе почувствуваат проблем и болки, иако наш совет е да се прават превентивни анализи на оптоварувањето на стапалата со цел да се превенираат деформитети, повреди и појава на болки во стапалата, колената или рбетниот столб со користење на адекватни ортопедски влошки.
    Во процесот на анализа на стапалата користиме модерен скенер со кој го анализираме оптоварувањето на стапалата во контакт со подлогата (бароподометрија) како и разликите во оптоварувањето на стапалата.
    При анализата се зема и скен на распоредот на оптоварувањето. Врз основа на тие параметри, земајќи ги предвид и навиките на живеење препорачуваме соодветни ортопедски влошки кои се изработуваат индивидуално од соодветни ортопедско-технички материјали, со цел растоварување на пооптеретените зони, стабилизирање на петата и корекции на сводовите на стапалото.

    Доколку се решите за купување влошки или чевли скенот е бесплатен.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Корективни ортопедски чевли од природна кожа – Детски

    4.240,00 ден

    Чевлите се изработени од природна говедска кожа индивидуално по мерка на корисникот. Во чевлите се вградени корективни елементи со кои се корегираат воочените деформитети и се обезбедува правилна позиција на стапалата во чевлите.
    Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка.
    Со изборот на модел и боја или комбинација на бои, добивате можност делумно да учествувате во дизајнот на вашите обувки.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Корективни ортопедски чевли од природна кожа

    Ортопедски чевли за дијабетично стапало од стреч

    2.950,00 ден

    Чевлите се изработуваат индивидуално по мерка на корисникот. Горниот дел е од мек еластичен материјал без шевови и вградени елементи кои би можеле да предизвикаат локални иритации на кожата од стапалото. Влошката под стапалата е мека, изработена од меки материјали кои се користат во ортотика и протетика со цел да се зголеми  удобноста при носење на чевлите.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Ортопедски чевли за дијабетично стапало од кожа

    3.700,00 ден

    Чевлите се изработуваат индивидуално по мерка на корисникот. Горниот дел е од мек еластичен материјал без шевови и вградени елементи кои би можеле да предизвикаат локални иритации на кожата од стапалото. Влошката под стапалата е мека, изработена од меки материјали кои се користат во ортотика и протетика со цел да се зголеми удобноста при носење на чевлите.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Чевли отворен фудбалски тип за протези

    4112 | Чевли отворен фудбалски тип за протези

    Чевлите се индивидуално изработени. Индицирани се  за корисници со натколени или потколени протези.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Специјални ортопедски чевли по гипсан модел

    4109 | Специјални ортопедски чевли по гипсан модел за специфични деформитети

    Чевлите се изработени по индивидуален отисок на корисникот. Со нив се компензираат сите видови деформитети на стапалата со што се добива растоварување на стапалата или саканата корекција на деформитетот.

    Боја и модел на чевлите по избор на корисникот од достапните во моментот на нарачка во зависност од состојбата на стапалата.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Ортопедски чевли кај парцијални ампутации

    4111 | Ортопедски чевли кај парцијални ампутации со надградување на ампутацијата

    Овие чевли се изработени од телешка кожа,  индивидуално за корисници кај кои од разни причини има недостаток на палец или дел од предниот дел на стапалото.

    Додај во кошничка
Shopping Cart