• Ортопедски влошки

    Дигитална анализа на стапала

    400,00 ден

    Нашите стапала се дизајнирани да ги контролираат фазите на стоење, одење и трчање како и брзите премини од една во друга фаза, а притоа постојано da останеме во рамнотежа. Поради фактот дека еден просечен човек во животот поминува на своите стапала повеќе од 150 000 км јасно е дека стапалата постојано се изложени на огромно оптоварување кое се пренесува на колената, колковите и рбетниот столб. Од тие причини здравјето на нашите стапала се многу важни за целокупната состојба на локомоторниот систем.
    Најголем дел од нашите пациенти се јавуваат на преглед на стапалата дури кога ќе почувствуваат проблем и болки, иако наш совет е да се прават превентивни анализи на оптоварувањето на стапалата со цел да се превенираат деформитети, повреди и појава на болки во стапалата, колената или рбетниот столб со користење на адекватни ортопедски влошки.
    Во процесот на анализа на стапалата користиме модерен скенер со кој го анализираме оптоварувањето на стапалата во контакт со подлогата (бароподометрија) како и разликите во оптоварувањето на стапалата.
    При анализата се зема и скен на распоредот на оптоварувањето. Врз основа на тие параметри, земајќи ги предвид и навиките на живеење препорачуваме соодветни ортопедски влошки кои се изработуваат индивидуално од соодветни ортопедско-технички материјали, со цел растоварување на пооптеретените зони, стабилизирање на петата и корекции на сводовите на стапалото.

    Доколку се решите за купување влошки или чевли скенот е бесплатен.

    Додај во кошничка
  • Ортопедски влошки

    Кожни влошки со гумено супинационо перниче

    650,00 ден

    Овие кожни ортопедски влошки  се готов сериски производ изработен од телешка кожа.
    Наменети се за најчестиот деформитет на стапалото, паднат надолжен свод (спуштен табан). Во влошката е вградено супинационо перниче кое го враќа сводот во анатомска положба со што ја подобрува статиката на стоењето и го распоредува оптоварувањето на стапалата, колената и рбетниот столб.

    Одбери опции
  • Ортопедски влошки

    Силиконско супинационо перниче

    550,00 ден

    Супинационото перниче  е наменето за најчестиот деформитет на стапалото, паднат надолжен свод (спуштен табан). Ова перниче е изработено од силикон, обложен со мека ткаенина на контактната површина со ногата. Има својство за прилепување на површината на чевелот.

    Одбери опции
  • Ортопедски влошки

    Силиконска влошка за пета со постава

    550,00 ден

    Силиконската влошка со постава има релаксирачки својства кај болки во пета (epin calcaneus) и Ахилова тетива. Влошките се изработени од силиконски материјал со средна тврдина и прикриени со текстил кој апсорбира пот и влага.

    Одбери опции
  • Ортопедски влошки

    Силиконска влошка за пета

    550,00 ден

    Силиконската влошка за пета има релаксирачки својства кај болки во пета (epin calcaneus) и Ахилова тетива.

    Одбери опции
  • Ортопедски влошки

    Силиконски влошки за цело стапало

    1.250,00 ден

    Силиконските влошки  со својот дизајн обезбедуваат анатомска поддршка на стапалото и балансираната распределба на оптоварувањето на долниот дел од стапалото.
    Има смирувачко и релаксирачко дејство. Може да се постави во секоја чевла.

    Одбери опции
  • Ортопедски влошки

    Силиконски влошки ¾ од стапалото

    1.150,00 ден

    Силиконските влошки  со својот дизајн обезбедуваат анатомска поддршка на стапалото и балансирана распределба на оптавуравењето на долниот дел од стапалото. Скратената должина на влошката овозможува поголем комфор во предниот дел на чевлите.

    Имаат смирувачко и релаксирачко дејство. Може да се постават во секоја чевла.

    Одбери опции
  • Ортопедски влошки

    Силиконско метатарзално перниче

    550,00 ден

    Метатарзалното перниче е направаено од медицински силикон и неговата основна задача е да го апсорбира шокот и да ја намали болката во предниот дел од стапалото. Дава удобна и долготрајна поддршка и влијае на намалување на создавање на калус.

    Одбери опции
Shopping Cart