Технички податоци
- Широчина на седиште: 280-360мм
- Длабочина на седиште: 280-380 мм
- Висина на седиште: 250-400 мм
- Тежина на количка: 10,7 кг
106.400,00 ден
3110 | На товар на ФЗОМ со доплата.
Партиципација: 0%
Доплата: 36.545 ден.
(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).
Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.
Vermeiren 708 Кids e склоплива детска инвалидска количка.
708 Кids е ригидна инвалидска количка изработена од челик. За поголема стабилност количката има можност за поместување на задните тркала. Задните тркала се брзо и лесно демонтажни. Предните тркала се дизајнирани да не го оштетуваат намештајот и ѕидовите при движење во затворен простор. Потпирачите за раце се преклопуваат. Има демонтажни и преклопни потпирачи за нозе.
Vermeiren Eclips X4 90° Kids е детска склоплива лесна инвалидска количка.
Количката е од алуминиум. Малата тежина придонесува за нејзина лесна управливост. Има брзо демoнтажни задни тркала. Потпирачот за грб може да се навалува од 90 °до лежечка положба. Без тркалата и потпирачите за нозе, не тежи повеќе од 9 килограми што ја прави лесна за транспорт. Потпирачите за нозе се подесливи по висина и се преклопуваат. Има рачни кочници за придружникот. Има и штитници за облеката на корисникот, а со нив и современ изглед.
Vermeiren Eclips X4 Kids е детска склоплива лесна инвалидска количка.
Количката е од алуминиум. Малата тежина придонесува за нејзина лесна управливост. Има брзо демoнтажни задни тркала. Без тркалата и потпирачите за нозе, не тежи повеќе од 9 килограми што ја прави лесна за транспорт. Потпирачите за нозе се подесливи по висина и се преклопуваат. Има и штитници за облеката на корисникот, а со нив и современ изглед.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren Sagitta kids е активна детска инвалидска количка со крут рам.
Sagitta kids може целосно индивидулно да се прилагоди на потребите на корисникот. Рамот е конструиран на таков начин што може да се менува ширината на седиштето. Различните можности за прилагодување го пратат растот и развојот на детето. Заради компактниот дизајн и малата тежина количката е лесно управлива.
3110 | Активна инвалидска количка
Vermeiren Trigo kids T/S е активна склоплива детска инвалидска количка.
Trigo постои во S и T верзија. Верзијата „S“ е спортска. Лесна е и може брзо да се прилагоди на потребите на детето. Најдобар услов за добар развој на детето е правилното седење. За поактивно или попасивно возење се подесува на позицијата на задните тркала (подесување на тежиштето) и висината на седиштето од подлогата. Во основната верзија, со најмала ширина на седиштето, инвалидската количка тежи само 9,8 кг со тркалата. Задните тркала се со модерен дизајн, лесно демонтажни и подесливи по висина. Кочниците се лесно достапни.
Коментари
Се уште нема коментари.