Колички

  • Инвалидски колички - Стандардни

    Инвалидска собна количка – 3102VMJAZZ

    11.031,00 ден

    Собната инвалидска количка Jazz S50 е градена со генерации. Затоа квалитетот е во согласност со највисоките EU стандарди.
    Инвалидската количка треба да биде прилагодена на тебе, а не обратно.
    Едноставност, комодитет, функционалост, квалитет… Сето тоа е резултат на континуирано истражување на повеќе од 63 години искуство. Оваа количка на Vermeiren има модуларен дизајн но лесно прилагодлива на сите бројни додатоци кои се меѓусебно заменливи.

    Jazz S50 доаѓа со подесливи и лесно демонтажни потпирачи за раце (опционално за подесување по висина), прилагодлив потпирач и последно но не и најмалку важно, брзо демонтажни задни тркала.

    Одбери опции
  • Електромоторен приклучок

    Електромоторен додаток за инвалидска количка – Wisking

    WISKING Q1 е електромоторен погон за склоплива инвалидска количка или инвалидска количка со крут рам.  Рачно управуваната инвалидска количка ќе биде и електромоторна количка. Брзото поставување и демонтирање и неговата едноставна употреба овозможува голема поголема практичност и леснотија во секојдневниот живот.

    Едноставна и брза монтажа и демонтажа и голема стабилност при возење на рамни површини.

    Додај во кошничка
  • Лесни колички

    Стандардна лесна инвалидскa количка – V200 Go – 3109V200

    30.119,00 ден

    Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.

    Vermeiren V200 Go е активна алуминиумска склоплива инвалидска количка.

    Потпирачите за раце се демонтажни и подесливи по висина со што го олеснуваат седнувањето во количката. Дополнително и потпирачот за грб се навалува со што транспортот на количката едноставен и лесен. Седиштето може да се подесува по висина и агол. V200 Go има можност од поместување на центарот на гравитација (тежиштето) напред или назад во зависност од потребите и состојбата на корисникот .

    Голем избор на додатна опрема.

    Додај во кошничка
  • Колички

    Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAB

    34.347,00 ден

    3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа

    3106DAB е инвалидска количка за лица со церебрална парализа.

    3106DAB може целосно индивидуално да се прилагоди. Едноставна е за користење. Кога со експерт ќе се дефинира потребната положба на седење, со неколку едноставни потези се подесува седиштето и ремените.
    Количката има алуминиумски рам, можност за наклонување на седиштето (тилт), преклопни потпирачи за нозе, демонтажни потпирачи за раце, подесливи потпирачи за тело, градни појаси, абдукционен клин и подеслив потпирач за главата. Количката има и рачни кочници за придружникот.

    Додај во кошничка
  • Колички

    Инвалидска количка за церебрална парализа – 3106DAA

    34.347,00 ден

    3106 | Инвалидска количка за церебрална парализа

    3106DAA e инвалидската количка  за лица со церебрална парализа.
    Едноставна е за користење и подесување. Има можност за наклонување на седиштето (тилт) и подесување на наклонот на потпирачот на грбот. Седиштето се подесува за секој корисник индивидуално. Кога со експерт ќе ја дефинирате положбата, со неколку едноставни потези се подесува седиштето вклучувајќи ги и ремените.

    Има абдукционен клин, демонтажни и подесливи потпирачи за нозете, подеслив наслон за главата, подесливи страници за фиксација на торзото, демонтажни потпирачи за раце подесливи по висина, ремени за фиксација на телото.

    Додај во кошничка
  • Детски колички

    Детска инвалидска количка – 708 Кids

    16.460,00 ден

    Овој производ може да се подигне со потврда плус доплата.

    Vermeiren 708 Кids e склоплива детска инвалидска количка.

    708 Кids е ригидна инвалидска количка изработена од челик. За поголема стабилност количката има можност за поместување на задните тркала. Задните тркала се брзо и лесно демонтажни. Предните тркала се дизајнирани да не го оштетуваат намештајот и ѕидовите при движење во затворен простор. Потпирачите за раце се преклопуваат. Има демонтажни и преклопни потпирачи за нозе.

    Додај во кошничка
  • Детски колички

    Детска инвалидска количка – 925

    Vermeiren 925 е склоплива лесна детска инвалидска количка.

    Количката тежи само 13 кг заедно со тркалата, што го олеснува склопување и нејзиниот транспорт. Има брзо демонтажни задни тркала. Потпирачот за нозете е единечен, подеслив по длабочина и агол. Страниците се од алуминиум спречуваат зафаќање на облеката од задните тркала.

    Достапна е во две бои на рамот, жолта и сина.

    Додај во кошничка
  • Детски колички

    Детска инвалидска количка – Ecipse X4 kids

    Vermeiren Eclips X4 Kids  е детска склоплива лесна инвалидска количка.

    Количката е од алуминиум. Малата тежина придонесува за нејзина лесна управливост. Има брзо демoнтажни задни тркала. Без тркалата и потпирачите за нозе, не тежи повеќе од 9 килограми што ја прави лесна за транспорт. Потпирачите за нозе се подесливи по висина и се преклопуваат. Има и штитници за облеката на корисникот, а со нив и современ изглед.

    Додај во кошничка
Shopping Cart