Детска инвалидска количка – Trigo kids T/S

69.855,00 ден

3110 | Активна инвалидска количка

Vermeiren Trigo kids T/S е активна склоплива детска инвалидска количка.

Trigo постои во S и T верзија. Верзијата „S“ е спортска. Лесна е и може брзо да се прилагоди на потребите на детето. Најдобар услов за  добар развој на детето е правилното седење. За поактивно или попасивно возење се подесува на позицијата на задните тркала (подесување на тежиштето) и висината на седиштето од подлогата. Во основната верзија, со најмала ширина на седиштето, инвалидската количка тежи само 9,8 кг со тркалата. Задните тркала се со модерен дизајн, лесно демонтажни и подесливи по висина.  Кочниците се лесно достапни.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 300–500 mm,
  • Длабочина на седиштето 330-500 mm,
  • Должина 676-1046mm,
  • Ширина 460–660 mm,
  • Висина 457-945 mm,
  • Ширина-склопена од 457 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 360 mm,
  • Тежина од 10 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 70 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G24 Дистонија;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M08 Јувенилен артрит;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Q72 Редукциски дефекти на долен екстремитет.

Напомена

Индикационо подрачје – дете со низок степен на активност или неможност за самостојно управување со
инвалидска количка – тогаш се препишува количка стандард – (тетраплегија, триплегија, параплегија, хе-
миплегија/тетрапареза, трипареза, парапареза, хемипареза од тежок степен па нема можност за дви-
жење без употреба на инвалидска количка. Ампутација на обете нозе под колена (кога протезата е меди-
цински контраиндицирана), ампутација на една нога – ако поради клиничкиот статус не е можна примена
на протеза. Тешки дегенеративни или деструктивни процеси, посттрауматски деформитети или вродени
болести на долните екстремитети кога нема можност за движење со употреба на штаки или одалка.

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Детска инвалидска количка – Trigo kids T/S”
Shopping Cart