Детска инвалидска количка – Ecipse X4 kids

Vermeiren Eclips X4 Kids  е детска склоплива лесна инвалидска количка.

Количката е од алуминиум. Малата тежина придонесува за нејзина лесна управливост. Има брзо демoнтажни задни тркала. Без тркалата и потпирачите за нозе, не тежи повеќе од 9 килограми што ја прави лесна за транспорт. Потпирачите за нозе се подесливи по висина и се преклопуваат. Има и штитници за облеката на корисникот, а со нив и современ изглед.

Карактеристики

  • Ширина на седиштето 320–370 mm,
  • Длабочина на седиштето 310-390 mm,
  • Должина 830-1000 mm,
  • Ширина 500–550 mm,
  • Висина 820–980 mm,
  • Ширина-склопена од 310 mm,
  • Висина на потпирачот за грб 350-400 mm,
  • Совладување угорнина до 10°,
  • Тежина 15 kg,
  • Максимална тежина на корисникот до 80 kg.

Медицински индикации

G10-G13 Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем;
G24 Дистонија;
G35-G37 Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем;
G60-G64 Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем;
G71-G72 Болести на мионевралната спојка на мускул;
G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
Z89(Z89.5-Z89.8) Стекнат недостиг на долен екстремитет;
Z96.6 Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога;
T93.2; T93.6; T93.9 Секвели од повреди на долен екстремитет;
Т95.3 и Т95.9 Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини;
M08 Јувенилен артрит;
M30-M36 Системски заболувања на сврзното ткиво;
B91 Секвели од полиомиелит;
Q72 Редукциски дефекти на долен екстремитет.

Напомена

Индикационо подрачје – дете со низок степен на активност или неможност за самостојно управување со
инвалидска количка – тогаш се препишува количка стандард – (тетраплегија, триплегија, параплегија, хе-
миплегија/тетрапареза, трипареза, парапареза, хемипареза од тежок степен па нема можност за дви-
жење без употреба на инвалидска количка. Ампутација на обете нозе под колена (кога протезата е меди-
цински контраиндицирана), ампутација на една нога – ако поради клиничкиот статус не е можна примена
на протеза. Тешки дегенеративни или деструктивни процеси, посттрауматски деформитети или вродени
болести на долните екстремитети кога нема можност за движење со употреба на штаки или одалка.

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Детска инвалидска количка – Ecipse X4 kids”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Shopping Cart