Активна инвалидска количка – детска Avantgarde Teen 2

165.230,00 ден

3110 | На товар на ФЗОМ со доплата.

Партиципација: 0%
Доплата: 95.375 ден.

  • Активна инвалидска количка Avantgarde Teen 2 наменета за деца и адолесценти;
  • Количката лесно се управува со што му дава поголема самостојност на корисникот во домот, на училиште и во секојдневните активности;
  • Задните тркала се со модерен дизајн, лесно се демонтираат и се подесуваат по висина;
  • Потпирачите за раце се прилагодуваат и демонтираат;
  • Рамот се подесува со цел да го следи растот на детето, а аголот на колената не се менувa;
  • Количката нуди удобност и седење во правилна положба на детето со цел да му овозможи правилен раст и развој.

Технички податоци

  • Широчина на седиште: 280-360мм
  • Длабочина на седиште: 280-380 мм
  • Висина на седиште: 250-400 мм
  • Тежина на количка: 10,7 кг

ФЗОМ Медицински индикации

(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
(G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
(G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе
(доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може
да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериуми

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

Коментари

Се уште нема коментари.

Впишете прв коментар за “Активна инвалидска количка – детска Avantgarde Teen 2”
Shopping Cart