Количката се изработува индивидуално. Стручно лице од Славеј, во соработка со корисникот, зема мерки и одбира компоненти според неговите потреби и желби, по што количката се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за Вас и Вашите потреби.
69.855,00 ден
Партиципација: 0%
Достапно по нарачка
Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари
Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.
Vermeiren Sagitta е модерна активна инвалидска количка со крут рам;
Количката индивидуално се конфигурира, со земање мерки и избор на компоненти според потребите и желбите на корисникот;
Индивидуално се подесуваат потпирачите за раце, потпирачите за нозе, аголот на потпирачот за грб (наклон на седење), аголот на тркалата, висината на потпирачот за грб;
Има компактен дизајн и мала тежина што ја прави лесна за управување;
Изработена е од легура на алуминиум со што максимална тежина на количката е само 9,5 кг;
Има голем избор на дополнителна опрема.
Технички карактеристики
Вкупна должина:
Ширина на седиште:
Длабочина на седиште:
Вкупна ширина:
Вкупна висина:
Висина на седиште:
Висина на наслон:
Тежина на количка:
Тежина на корисник:
ФЗОРСМ медицински индикации
(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).
Критериум
Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:
Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
Работен однос;
Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано, и
Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.
Препишува
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
ФЗОРСМ право на ново помагало
До 7 години на 36 месеци
Над 7 години на 36 месеци
18-65 години на 60 месеци
Над 65 години на 60 месеци
Слични производи
Електромоторна инвалидска количка скутер – Venus 4 Sport
111.190,00 ден
Рампа за пристапност
26.450,00 ден
Инвалидска количка за церебрална парализа
34.347,00 ден
Електромоторна инвалидска количка скутер – Ceres Delux 3 и 4
171.700,00 ден
Производ
Активна инвалидска количка – Sagitta
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.