Trigo_T_kids_orange_1Trigo_T_kids_orange_1

3110VMAKIDS

Активна инвалидска количка – Trigo T kids

ФЗОМ 3110

Количката се изработува индивидуално. Стручно лице од Славеј, во соработка со Вас и детето, зема мерки и одбира компоненти според неговите потреби и желби, по што количката се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за детето.

69.855,00 ден

Партиципација: 0%

Достапно по нарачка

Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари

Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.

*Деца до 18 години се ослободени од партиципација

Опис

  • Активна инвалидска количка Trigo Т kids Vermeiren е модерна лесна и склоплива количка дизајнирана за деца кои се активни;
  • Задните тркала се со спортски и модерен изглед (тркала за брзо ослободување што може да се прилагодат по агол и висина) со црни бандажи, лесно достапни сопирачки и мали предни тркала кои се движат (прилагодливи во висина) од 3″ до 6″;
  • Trigo T kids има странични панели кои се прилагодуваат по висина;
  • Тркалата на количката се подесуваат со цел да се прилагоди центарот за гравитација (тежиштето) според корисникот, со што се добива поголема стабилност или мобилност;
  • Има посебни потпирачи за нозе кои се подесуваат по висина и се отстрануваат;
  • Количката индивидуално се конфигурира заедно со корисникот, со земање мерка и избор на компоненти според потребите и желбите на корисникот.

Технички карактеристики

  • Вкупна должина:
  • Ширина на седиште:
  • Длабочина на седиште:
  • Вкупна ширина:
  • Вкупна висина:
  • Висина на седиште:
  • Висина на наслон:
  • Тежина на количка:
  • Тежина на корисник:

ФЗОРСМ медицински индикации

  • (G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
  • (G80;G80.00;G80.01;G80.02;G80.03;G80.09;G80.3;G80.4; G80.8;и G80.9) Церебрална парализа;
  • (G82.0;G82.1 и G82.2) Параплегија;
  • Z89.5 Стекнат недостиг на нога до и под колено;
  • Z89.6 Стекнат недостиг на нога над колено;
  • Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може да се постави протеза);
  • Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).

Критериуми

Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:

  • Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
  • Работен однос;
  • Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
  • Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.

Препишува

Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 36 месеци
  • Над 7 години на 36 месеци
  • 18-65 години на 60 месеци
  • Над 65 години на 60 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.