Количката се изработува индивидуално. Стручно лице од Славеј, во соработка со корисникот, зема мерки и одбира компоненти според неговите потреби и желби, по што количката се нарачува. За подетални информации контактирајте нѐ, со задоволство ќе ви помогнеме да ја изберете верзијата соодветна за Вас и Вашите потреби.
161.110,00 ден
Партиципација: 0%
Доплата: 91.255 ден.
Достапно по нарачка
Бесплатна достава за нарачка над 3.000 денари
Рекламација во рок од 15 дена по купувањето од веб шоп-от.
Avantgarde 4 е склоплива активна инвалидска количка која има голем број на можности за индивидуално прилагодување, со цел да се олесни секојдневниот активен живот на корисникот;
Компактниот дизајн и конструкцијата на потпирачите за нозе, овозможуваат движење со количката секаде;
Avantgarde 4 импресионира со својата мала тежина и големина кога е склопена;
Подвижните потпирачи можат да се преклопуваат;
Avantgarde 4 има модуларен дизајн со голем број на различни подесувања на тркалата;
Кочницата е на ниво на коленото со што е лесна за ракување;
Задните тркала лесно се ослободуваат;
Потпирачите за нозе се подесуваат по висина.
Технички карактеристики
Вкупна должина:
Ширина на седиште:
Длабочина на седиште:
Вкупна ширина:
Вкупна висина:
Висина на седиште:
Висина на наслон:
Тежина на количка:
Тежина на корисник:
ФЗОРСМ медицински индикации
(G71;G71.0;G71.1;G71.2;G71.3;G71.8 и G71.9) Примарни заболувања на мускулитe;
Z89.7 Стекнат недостиг на двата долни екстремитети на кое било ниво освен прстите на нозе (доколку не може да се постави протеза);
Z89.8 Стекнат недостиг на горни и долни екстремитети (на кое било ниво) (доколку не може да се постави протеза);
Z89.9 Стекнат недостиг на екстремитет (неозначено) (доколку не може да се постави протеза).
Критериум
Право на активна инвалидска количка може да оствари осигурено лице кое има функционален статус на двете раце, индикациите утврдени во списокот за ортопедски помагала и исполнува еден од следните критериуми:
Деца на школување до 18 год, односно 26 годишна возраст;
Работен однос;
Доколку врши дејност врз основа на која е осигурано;
Поседува возачка дозвола и може самостојно да управува со моторно возило.
Препишува
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда напишана од двајца лекари специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
ФЗОРСМ право на ново помагало
До 7 години на 36 месеци
Над 7 години на 36 месеци
18-65 години на 60 месеци
Над 65 години на 60 месеци
Слични производи
Електромоторна инвалидска количка скутер-Eris
144.300,00 ден
Инвалидска количка за церебрална парализа
34.347,00 ден
Електромоторна инвалидска количка скутер – Venus 4 Sport