Опис
- Изработена е од полиетелиенски материјал од 3мм.
- За поголема удобност ортозата од внатре е обложена со перничиња од сунѓер и текстил кои по потреба може да се перат.
1.680,00 ден
Оваа потколена детска лонгета помага глуждот да се држи во функционална положба од 90 степени.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
2608 | Корективен апарат за корекција на скочен зглоб (Редерсман)
Оваа динамична потколена ортоза која се изработува по индивидуален отисок има вграден флексибилен и еластичен зглоб за глужд, со што се овозможува оптимална контрола на глуждот и стапалото. На задната страна на ортозата вграден е граничник со кој се ограничува и регулира прекумерно спуштање на стапалото.
Пружа добра поддршка кај нестабилност во валгус или варус (навалување на глуждот).
За поголема удобност постои можност за обложување на внатрешноста на ортозата како и можност за додавање на индивидуално произведена влошка под стапалото.
2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената. Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе.
Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки, како и бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.
2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
Ортозата е изработена од полиетилен по индивидуален отисок. Спречува несакани движења и овозможува позиционирање на ногата во бараната положба.
Спречува формирање на контрактури особено при спиење. За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага, лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата, што ја прави лесна за одржување на хигиена.
2610 | Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Ортоза на глуждот (AFO) која е изработена по индивидуален отисок помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата.
Исто така се користат за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помагаат во намалувањето на спастичноста. Изработена е од пластика со можност заради поголема удобност да се обложи од внатрешната страна на ортозата.
2610| Потколена корективна лонгета за корекција на деформитети на стапало
Партиципација: 10% (395 ден)
Коментари
Се уште нема коментари.