• Детски ортози

    Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    • Индивидуална ортоза изработена од полиетилен по отисок на пациентот;
    • Ортозата овозможува позиционирање на ногата во барана положба за спречување на несакани движења;
    • Превенира формирање на контрактури особено при спиење;
    • За подобра удобност обложена е со мек сунѓерест материјали кој не прима пот и влага;
    • Лесно се поставува и отстранува благодарение на лепливите ленти, што ја прави лесна за одржување на хигиената.
    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција

    2606 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети

    • Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот;
    • Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.
    • При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:
    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

    Додај во кошничка
  • 'Рбет

    Милвоки мидер

    • Милвоки корсетот (Цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO), е активна корективна спинална ортоза за ‘рбет која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца;
    • Ортозата најчесто се препишува за деца со постурално нарушување, кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст;
    • Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот, бидејќи нема да има ефект;
    • Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози, денес Милвоки ортозата се користи поретко;
    • Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет;
    • Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот;
    • Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата и две окципитални влошки на задниот дел од главата за да се избегне висок притисок во пределот на вратот, пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња;
    • За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува да се носи 23 часa на ден;
    • Неопходна е редовна контрола од лекар.
    Додај во кошничка
  • 'Рбет

    Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/Шено (детски)

    2504/2505 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ЦБВ/ШЕНО

    • Детски корсет тип ЦБВ/ШЕНО се изработува индивидуално, при што се користи современа CAD-CAM технологија која нуди многу предности за корисниците на ортозите.
    • Се користат за корекција на деформитети и се изработени од термопластичен материјал.
    Додај во кошничка
  • 'Рбет

    Корсет за кифоза или сколиоза тип ТЛСО – Детски

    9.056,00 ден

    2506 | Корсет за кифоза или сколиоза тип ТЛСО – Детски

    • Корсетот тип ТЛСО прави растеретување и стабилизација во торакален и лумбален дел на `рбетен столб кај скршеници кај деца.
    • Со алуминиумската конструкција овозможува ограничување на латерална флексија.
    • Изработен е од алуминиум обложен со мек и пријатен материјал.
    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб – Детски

    7.919,00 ден

    2401 | Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб

    Партиципација: 10%

    • Корективeн апарат кој се користи при конзервативен третман на дислокации на зглобот на лактот, во процесот на рехабилитација при контрактури, при третман кај скршеници на латералниот или медијалниот епикондил, постоперативна имобилизација;
    • Овозможува контролирано движење во лакотниот зглоб со помош на степенест регулатор.
    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Детска митела

    505,00 ден
    • Детска митела за фиксација на рамото и надлактицата при скршеници на надлакотна коска или дислокации на рамо, како и при воспаленија и мекоткивни повреди.
    • Ја стабилизира раката во посакуваната позиција и го поставува рамото во релаксирачка положба.
    • Изработен е од специјално принтана габардинска ткаенина за деца.
    Одбери опции
  • Детски ортози

    Корективен апарат за корекција на пектус каринатус

    2.500,00 ден
    • Најефикасен конзервативен начин за лекување на pectus carinatum (кокошкини гради) е поврзан со користење на оваа ортоза;
    • Ортозата прави надворешна компресија на градната коска и е првата опција за решавање на овој деформитет;
    • Носењето на ортоза за pectus carinatum е најчесто ефикасен третман бидејќи телото на детето во развој е многу флексибилно;
    • Оваа приспособливост значи дека градите на децата полесно може да се обликуваат во правилна форма додека растат.
    Додај во кошничка
Shopping Cart