-
Колено
Ортоза за корекција на варус или валгус на колено – Agilium Reactive
16.840,00 ден- Agilium Reactive e цврста ортоза за колено наменета за растеретување и стабилизација на коленото, посебно наменета за пациенти со varus или valgus на колено;
- Пациентите со varus деформитет (нозе во форма на лак или ,,О“ нозе) најмногу страдаат од болка во внтрешноста на коленото, додека valgus деформитет (допирање на колената или „ X“ нозе) често доведува до симптоми во надворешната страна на коленото;
- Со својот механизам за растеретување поставен блиску до зглобот, оваа ортоза овозможува ослободување на зглобот на коленото;
- Принципот на олеснување на притисокот од 3 точки го држи зглобот во коректна позиција, спречувајќи ногата да се помрдне на страна: притисокот на болната страна на зглобот е намален;
- Со секој чекор се зголемува мобилноста и активноста на пациентот;
- Ортозата е изработена од лесна алуминиумска рамка, која овозможува удобно носење и под облека.
- Меките делови на ортозата се изработени од нелизгачки материјал;
- Поставувањето е олеснето со нумерираните ленти.
-
Колено
Динамична коленска ортоза – Genu Arexa
16.650,00 ден- Операцијата е неизбежна при повреда на лигаментите на коленото, како што е кинење на преден вкрстен лигамент;
- Ортозата Genu Arexa оптимално ја поддржува секоја фаза од процесот на лекување по операцијата како и при конзервативен третман без операција;
- Овозможува рана мобилност по операција;
- Изработена од лесна и издржлива алуминиумска легура, што ја прави безбедна за носење;
- Оваа ортоза не само што ги спречува несаканите движења, туку ја враќа довербата и безбедноста во мобилноста;
- Овозможува контролиран премин од првите чекори по операцијата до целосно оптоварување на коленото;
- Ортозата може да се носи при спиење како и за време на вежби при физиотерапија;
- Обезбедува странична и медијална стабилност на коленото;
- Лекарите, терапевтите и пациентите ја прифатија Genu Arexa ортозата затоа што е едноставна за поставување, совршено се адаптира на ногата на корисникот и се прилагодува без користење на алат.
-
Колено
Имобилизатор за колено со регулација – Телескопски (Редерсман)
6.480,00 ден- Редерсман ортоза со странични зглобови кои обезбедуваат контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото;
- Обезбедува одлична поддршка по операција каде е потребно контролирано движење на зглобот на коленото;
- Има телескопски механизам кој овозможува висината индивидуално да се прилагоди според корисникот;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм ламинирана со материјал;
- Ортозата има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија;
- За поголема удобност обложена е со меки перничиња кои по потреба се вадат и перат.
-
Колено
Имобилизатор за колено со регулатор (редерсман)
5.750,00 ден- Редерсман ортоза која обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото благодарение на странично поставените зглобови;
- Обезбедува одлична поддршка по операции каде е потребно контролирано движење на коленото;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм ламинирана со материјал;
- Ортозата има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија;
- За поголема удобност обложена е со меки перничиња кои по потреба се вадат и перат.
-
Колено
Имобилизатор за колено
2.250,00 ден – 2.900,00 ден- Имобилизатор за колено кој е наменет за состојби каде е потребна целосна имобилизација на коленото;
- Обезбедува имобилизација по операција на пателарен и латерален лигамент;
- Странично по оската на коленото поставени се челични ленти кои обезбедуваат цврста имобилизација на коленото во нулта позиција;
- Може да се користи и за поддршка и стабилизација при одење, во случаи на спастични долни екстремитети или парализа;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм во внатрешноста ламинирана со фротир;
- Има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија;
- Степенот на компресија се прилагодува индивидуално со помош на лепливи ленти;
- Ортозата е достапна во три должини од 45 см, 55см, 65 см и 75 см.
-
Детски ортози
Имобилизатор за колено за деца
2.030,00 ден- Детски имобилизатор за колено кој се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°);
- Странично и на задната страна на имобилизаторот поставени се метални шини;
- Обезбедува имобилизација по операција на лигаменти во коленото;
- Може да се користи и за поддршка и позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа;
- Ортозата е изработена од сунѓер со дебелина од 6 мм ламинирана со материјал;
- Ортозата има висока пропустливост на воздух, флексибилност и обезбедува висока компресија.
-
Индивидуални производи
Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
2105 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
- Индивидуална ортоза која се изработува по отисок од пациентот;
- Се изработува од полипропилен, странично засилена со метални шини од алуминиумска легура;
- Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот, ортозата сo коленските зглобови може да се изработи со кочница или слободно;
- Доколку е потребна поддршка на лумбалниот дел, се изработува во спој со пластичен корсет и зглоб во делот на колкот;
- Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина;
- За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржување на хигиената е подобрено;
- Можe да се изработи ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.
-
Детски ортози
Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус
2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
- Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената;
- Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе;
- Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки;
- Има бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.