Ортоза за корекција на варус или валгус на колено – Agilium Reactive
16.840,00 ден
Agilium Reactive e цврста ортоза за колено наменета за растеретување и стабилизација на коленото, посебно наменета за пациенти со varus или valgus на колено.
Пациентите со varus деформитет (нозе во форма на лак или ,,О“ нозе) најмногу страдаат од болка во внтрешноста на коленото , додека valgus деформитет (чукање на колената или „ X“ нозе) често доведува до симптоми на надворешната страна на коленото.
Со својот механизам за растеретување поставен блиску до зглобот оваа ортоза овозможува ослободување на зглобот на коленото. Принципот на олеснување на притисокот од 3 точки го држи зглобот во коректна позиција спречувајќи ногата да се помрдне на страна: притисокот на болната страна на зглобот е намален. Tака, чекор по чекор се зголемува мобилноста и активноста на пациентот.
Ортозата се карактеризира со лесна алуминиумска рамка, која овозможува удобно носење и под облека.Меките делови на ортозата се изработени од нелизгачки материјал. Поставувањето е олеснето со нумерираните ленти.
Медицински индикации
- Едностран коленски остеоартритис.
- Постоперативно по реконструкција на менискус.
- Повреди на лигаменти каде е потребно еднострано растертувањe.
Големина
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Related Products
-
Колено
Имобилизатор за колено
2.250,00 ден – 2.900,00 денОвој имобилизатор за колено се користи во состојби кои бараат целосна имобилизација на коленото.
Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен и колатерален лигамент.
Благодарение на страничното поставени челични ленти по оската на коленото, се обезбедува цврста имобилизација на коленото во нулта позиција. Се користи како поддршка и стабилизација при одење во случаи на спастични долни екстремитети или парализа.
Цената се дефинира во зависност од големината ↓ -
Детски ортози
Имобилизатор за колено за деца
2.030,00 денИмобилизаторот за деца се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°). Toa e овозможено со помош на челичните шипки странично и на задната страна на ортозата.
Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен, артрален и колатерален лигамент.
Се користи како поддршка и за позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа. -
Колено
Имобилизатор за колено со регулатор (редерсман)
5.750,00 денОваа Редерсман ортоза обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото благодарение на зглобовите поставени странично на ортозата.
Обезбедува одлична постоперативна поддршка кај операциите кај кои заради заштита на коленото потребно е контролирано движење. -
Колено
Имобилизатор за колено со регулација – Телескопски (Редерсман)
6.480,00 денБлагодарение на злгобовите поставени странично на ортозата Редерсман се обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото.
Обезбедува одлична постоперативна поддршка кај операциите после кои е нужно контролирано движење на коленскиот зглоб заради неговата заштита. Должината на ортозата благодарение на телескопскиот механизам индивидуално се адаптира според висината на корисникот. -
Колено
Имобилизатор за колено со регулација (редерсман)
4.627,00 денОваа Редерсман ортоза обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото благодарение на зглобовите поставени странично на ортозата.
Обезбедува одлична постоперативна поддршка кај операциите кај кои заради заштита на коленото потребно е контролирано движење.
Коментари
Се уште нема коментари.