Колено

  • Детски ортози

    Имобилизатор за колено за деца

    1.743,00 ден

    Имобилизаторот за деца се користи во ситуации кои бараат стабилизација на коленото и целосна екстензија (исправена положба 180°). Toa e овозможено со помош на челичните шипки странично и на задната страна на ортозата.
    Обезбедува пост-оперативна имобилизација по операции на пателарен, артрален и колатерален лигамент.
    Се користи како поддршка и за позиционирање при одење во случаи на спастичен долен екстремитет и парализа.

    Одбери опции
  • Индивидуални производи

    Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб

    2105 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб
    Оваа ортоза е изработена по индивидуален отисок од полипропилен странично појачана со метални шини од алуминиумска легура. Според состојбата на корисникот, индикациите за нејзино користење и целта на третманот со ортозата коленските зглобови може да се со кочница или слободни.
    Доколку е потребно, поради поддршка на лумбален дел се изведува во спој со пластичен корсет и зглоб во колк.
    Поради материјалите кои се вградуваат се одликува со помала тежина. За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага со што одржувањето на хигиена е подобрено.
    Можна изведба ламиниран со карбонски влакна со што ортозата станува уште полесна и поцврста.

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус

    2607 | Натколен корективен апарат со метална сандала за корекција на варус или валгус на колено
    Ортозата се користи за корекција на Валгус или Варус деформитет на колената. Делува со страничен притисок на коленскиот зглоб кај децата во раст од страната каде е потребно зависно дали се работи за О или Х нозе.
    Изработена е од метална шина со пластична пелота за потпора на натколеницата и пластична лонгета за стапалото кои се користат како потпорни точки, како и бандажирано перниче за коленото преку кое се врши притисок на коленото.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
    Ортозата е изработена од полиетилен по индивидуален отисок. Спречува несакани движења и овозможува позиционирање на ногата во бараната положба.
    Спречува формирање на контрактури особено при спиење. За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага, лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата, што ја прави лесна за одржување на хигиена.

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб

    2609 | Натколена корективна лонгета за корекција на контрактури во колено и скочен зглоб
    Ортозата е изработена од полиетилен по индивидуален отисок. Спречува несакани движења и овозможува позиционирање на ногата во бараната положба.
    Спречува формирање на контрактури особено при спиење. За подобра удобност обложена е со меки сунѓерести материјали кои не примаат пот и влага, лепливите ленти овозможуваат лесно поставување и вадење на ортозата, што ја прави лесна за одржување на хигиена.

    Додај во кошничка
  • Индивидуални производи

    Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    2105 во спој со 2506 | Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

    Се  изработува индивидуално од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување. Лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени.
    Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал. Наменет за повреди или заболувања на рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

    * При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:
    – Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и
    – Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

     

    Додај во кошничка
  • Детски ортози

    Твистеров апарат за корекција на абдукција и аддукција

    2605 | Твистеров апарат за корекција на абдукција аддукција на долните екстремитети
    Твистеровиот ортопедски апарат се состои од карличен појас, црева за деротатори со челична деротациона сајла и приклучоци за чевлите што овозможува корекција на ротација на стопалата при движење и растење на корисникот. Го корегира дебалансот меѓу внатрешните мускули за ротација на колкот и мускулите на феморалниот врат.

    При користење на ортозата движењето на корисникот е слободно.

    * Се изработува во спој со ортопедски чевли:
    – ФЗОМ шифра 4107 кај ортоза за една нога и
    – ФЗОМ шифра 4108 за ортози за двете нозе.
    Потребна посебна Потврда за ортопедско помагало.

    Додај во кошничка
  • Колено

    Имобилизатор за колено со регулација (редерсман)

    4.627,00 ден

    Оваа Редерсман ортоза обезбедува контрола на аголот на флексија и екстензија на коленото благодарение на зглобовите поставени странично на ортозата.
    Обезбедува одлична постоперативна поддршка кај операциите кај кои заради заштита на коленото потребно е контролирано движење.

    Додај во кошничка
Shopping Cart