Прегледај кошничка Производот е ставен на вашата картичка
Прегледај кошничка Производот е ставен на вашата картичка
-
Детски ортопедски чевли
Дигитална анализа на стапала
600,00 ден- I-Step 5000 има 3744 сензори кои го мерат притисокот на стапалото на секои 0,25cm2;
- Големиот број на сензори даваат прецизност и при скенирање на мали стопала (детски);
- 1326 инфрацрвени диоди и рецептори кои се распоредени на половина милиметар;
- Прецизно ја одредува големината на стапалото (должина и ширина) без да користи подвижни делови;
- Со „анализа на релативен притисок“ се обезбедува точна слика, дури и кога корисникот стои на скенерот подолг период;
- Сликите се прикачуваат во две или три димензии со голема и мала резолуција;
- Корисникот добива примерок од резултатите во печатена форма;
- Резултатите се чуваат во базата на податоци;
- Врз основа на резултатите, препорачуваме соодветни ортопедски влошки кои се изработуваат индивидуално, со цел растеретување на пооптеретените зони, стабилизирање на петата и корекции на сводовите на стапалото.
-
Индивидуални производи
Индивидуални влошки со медијално или латерално повишување
950,00 ден- Медијално или латерално повишување со штосе оптоварувањето се враќа во центар на зглобот и петата.
- Го намалуваат оптоварувањето и притисокот врз скочниот зглоб, коленото, колкот и ‘рбетот;
- Се препорачува при деформитети во скочниот зглоб и надолжниот свод на стапалото;
- Имаат супинационо перничеза оптимална поддршка на надолжниот лак (сводот) на стапалото;
- Дополнително може са се вгради метатарзално перниче;
- Изработени од висококвалитетна кожа.
-
Индивидуални производи
Индивидуални спортски влошки
1.680,00 ден- Спортски влошки кои се изработуваат индивидуално, со сите неопходни корекции со цел оптоварувањето на стапалата да биде оптимално распределено;
- Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
- Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото, со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
- Материјалот од кој се изработуваат овие влошки e EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стопалата и колената при спортување;
- Се одликуваат со мала тежина (50гр).
-
Индивидуални производи
Индивидуални ортопедски влошки по гипсен отисок
6.150,00 ден- Спортските влошки се изработуваат по индивидуален отисок на гипсен модел на кој се моделирани сите неопходни корекции со цел рамномерно оптоварувањето на стапалата;
- Петата е опфатена со влошката и поради тоа стапалото е статички урамнотежено;
- Нагазната површина на влошката го прати анатомскиот облик на стапалото со што се обезбедува поголема нагазна површина и рамномерно оптеретување на долната страна на стапалото;
- Материјалот од кој се изработуваат овие влошки е EVALUX кој се применува во ортопедијата, не прима влага и ги амортизира и апсорбира ударите при спортување со што се намалуваат микротраумите на стапалата и колената при спортување;
- Се одликуваат со мала тежина (50 грама).
-
Индивидуални производи
Кожни влошки за скратување 1 – 3 см
1.200,00 ден- Ортопедски влошки со скратување, изработени од висококвалитетна кожа;
- Се изработуваат индивидуално по утврденото скратување;
- Во влошката се вградуваат ортопедско-технички додатоци со различни облици, дебелини и тврдини со цел да се добие растоварување на газењето;
- Се препорачува да се носат заради рамномерно оптоварување и заштита на колковите, спречување на појава на сколиоза и болки во лумбалниот дел од ‘рбетот.
-
Индивидуални производи
Ортопедски влошки – Dino
3.330,00 ден- Ортопедски влошки за корекција на стапало кај деца и возрасни;
- Имаат супинациоски клин за подигнување на сводот на стапалото;
- За поголеми плановалгуси можно е вградување на клинови за поддршкач
- Петата целосно се опфаќа во чашка за подобра корекција;
- Се препорачува кај потешки форми на деформитети на стапалото;
- Најдобри резултати се постигнуваат во детска возраст;
- Изработени од антиалергиски ортотичен материјал кој лесно се одржува;
- Се прилагодуваат индивидуално според потребите на корисникот.
-
Ортози за стапало
Кожни влошки со гумено супинационо перниче за рамни стапала
750,00 ден- Ортопедски влошки изработени од кожа;
- Наменети за најчестиот деформитет на стапалото, паднат надолжен свод (спуштен табан).
- Во влошката е вградено супинационо перниче кое го враќа сводот во анатомска положба со што ја подобрува статиката на стоењето и го распоредува оптоварувањето на стапалата, колената и ‘рбетниот столб.
- Ја намалува болката во нозете и притисокот врз зглобовите;
-
Ортози за стапало
Силиконски влошки за цело стапало
1.250,00 ден- Силиконскa влошкa која обезбедува анатомска поддршка на стапалото и распределба на оптоварувањето на долниот дел од стапалото;
- Изработена од силикон со две густини, од кои едната (особено мека) е за петата и метатарзалниот дел од стапалото;
- Има смирувачко и релаксирачко дејство;
- Може да се постави во секој чевел.