Кај сколиозата, коските на ‘рбетот се поместуваат и ротираат, создавајќи кривини. Иако може да се појави кај секого, на било која возраст, најчесто се дијагностицира на возраст од 9 до 16 години и почесто се јавува кај девојчиња, во споредба со момчиња.
Постојат повеќе видови на сколиоза врз основа на причината и возраста, на која се јавува искривувањето. Најчести се адолесцентна идиопатска, невромускулна и конгинентална.
Адолесцентна идиопатска сколиоза
Знаци и симптоми:
Кривините на сколиозата, често предизвикуваат промени во држењето на вашето дете, состојба која обично не е болна. Главата може да се помести на едната страна од телото, едното рамо да биде повисоко од другото и често се забележува искривување на едната страна во делот на половината.
Дијагноза:
Идиопатската сколиоза најчесто се јавува кај здрави деца и тинејџери, и се дијагностицира од нивниот педијатар, или за време на редовен скрининг за сколиоза на училиште. За скрининг се користи тестот Адам, кога од децата се бара да се наведнат и со рацете да ги допрат прстите на нозете.
Доколку педијатарот утврди дека вашето дете има сколиоза, ќе ве препрати кај ортопед или физијатар за да се направи рендген снимка и да се одреди лекување.
Третман:
Во зависност од тежината на искривувањето, постојат три препораки за третман на сколиоза – набљудување, физикална терапија, корсет и операција.
Невромускулна сколиоза
Знаци и симптоми:
Симптоми на невро-мускулна сколиоза често се јавуваат рано во животот на детето. Вообичаени симптоми се нерамни рамења, наведнување на едната страна повеќе од другата, испакнување на ребрата и искривување на едната страна во пределот на половината. Ова предизвикува проблеми со одржување на рамнотежа и влијае на седењето и одењето. Кај невро-мускулната сколиоза, кривата на ‘рбетниот столб може да напредува побрзо и да продолжи да се влошува дури и по завршување на периодот на раст и развој.
Дијагноза:
Дијагнозата може да се потврди преку преглед од ортопед, физијатар, неврохирург или невролог. Се прави рендген снимка, за да се види големината на кривата на `рбетот.
Третман:
Невро-мускулната сколиоза најчесто напредува и по завршување на периодот на раст и развој. Доколку не се лекува, кривата може да стане помалку флексибилна, предизвикувајќи проблеми со седење, хигиенски проблеми и веројатно да доведе до синдром на торакална инсуфициенција и попречување на функцијата на белите дробови. Целта на третманот со корсет за сколиоза е да обезбеди стабилност, усогласување на ‘рбетот и рамнотежа при седење. Кај пациентите со невро-мускулна сколиоза, корсетот не може да ја коригира сколиозата и да спречи нејзин понатамошен развој.
Конгинентална (вродена) сколиоза
Вродена сколиоза е многу ретка состојба и се јавува кога коските на ‘рбетот не се формирани и кога детето има вродена сколиоза.
Дијагноза:
Дијагнозата ја поставува лекар, а ја потврдува ортопед или физијатар врз основа на дијагностички постапки.
Третман:
Искривувањето кои се последица на вродена абнормалност, се ретки и третманот, во зависност од случајот, е со корсети и физикална терапија во консултација со доктор специјалист.