Долгото седење може да биде причина за појава на главоболки, болки во вратот, рамената, долниот дел од грбот и карлицата.
По одморот и сончевите денови, враќањето на работа често претставува вистински предизвик. Освен што ни недостига летната безгрижност, седечката работа неретко носи болки и напнатост.
Во продолжение ви претставуваме решенија за превенција и олеснување на овие тегоби:
Појасите од Славеј овозможуваат:
- Одржување на правилна позиција и намалување на болката во долниот дел на грбот;
- Поддршка и чувство на олеснување веќе по неколку минути при носењето;
- Подобрување на држењето и стабилноста на телото;
- Можност за користење при седење и при движење (работа дома, вежбање);
- Дискретен дизајн што овозможува носење под облека.
Ортопедските влошки од Славеј ја коригираат постурата од темел – од стапалата. Со правилна поддршка се намалува притисокот врз ‘рбетот и мускулите, а чекорот станува полесен и поздрав. Во продавниците на Славеј можете да добиете бесплатна консултација и индивидуално изработени влошки.
Идеално решение за оние што најголемиот дел од денот минуваат пред компјутер и чувствуваат:
- Болки во вратот и рамената;
- Тензиони главоболки;
- Подгрбавено држење (кифоза);
- Намалена циркулација во пределот на вратот.
Со правилна поддршка се коригира држењето и се намалува напнатоста која ги предизвикува болките.