Се ближи почетокот на учебната годината! Вашето дете треба да се врати на училиште со својата ортоза или протеза. Во продолжение ви даваме неколку совети како да го подготвите.
Закажете преглед со вашиот ортотичар или протетичар
Децата брзо растат. Затоа треба да закажете преглед кај ортотичар или протетичар за да провери, дали помагалото треба да се прилагоди на растот на вашето дете. Исто така, ако вашето дете работи со професионален физиотерапевт, може да ви помогне во подготовките за новата учебна година.
Разговарајте со вашето дете
На почетокот на учебната година, децата се возбудени што се враќаат на училиште. Пред да започне школската година, одвојте време да разговарате со вашето дете, подгответе го како да им пренесе на своите другарчиња дека има ортоза или протеза и како да му помогнат.
Разговарајте со наставниците
Закажете средба со наставниците за да ги информирате за ортозата и протезата како и за потребите на вашето дете. Општо земено, кога наставникот е запознаен, полесно ќе го прифатат и останатите ученици во класот.
Отсуство од училиште
Вашето дете може да има потреба од повеќе одмор во текот на денот. Замолете ги наставниците да го потсетат детето и да му овозможат повеќе паузи. Исто така, може да има потреба од почести отсуства од училиште, заради лекарски прегледи и други непредвидени работи. Разговарајте како да ги решите овие отсуства и како да му се помогне на детето да ги совлада изгубените часови.
Поставување на протеза или ортоза
Правилно поставување на протеза или ортоза бара одредена вештина. Многу е важно да му помогнете на вашето дете како да ја постави и да се чувствува пријатно и удобно.
Помош од асистент во училиштето
Ако има потреба од асистент, распрашајте се дали училиштето нуди ваква помош за да му помогнете на вашето дете полесно да се организира. Училишниот асистент може да му помогне полесно да се движи, да му помогне со носење на ранецот, да го смести во училница и многу повеќе.
Излети и активности после училиште
Пред да започне учебната година, прашајте за планирани екскурзии и дали се потребни некакви подготовки. Исто така, не заборавајте да го вклучите вашето дете во некој спорт или други вонучилишни активности.
Запомнете!
Современата технологија за изработка на ортози и протези, му овозможуваат на детето да има нормално детство без да ги ограничува неговите секојдневни активности. Како родител треба постојано да сте во комуникација не само со училиштето туку и со него. Вие сте неговиот најдобар застапник и можете да го научите како да се бори за себе. Можностите се неограничени!