Рбетниот столб е најважен фактор за зачувување на исправеноста на човековото тело. Има две главни карактеристики и тоа антигравитационото подупирање и флексибилноста. Затоа мораме и да обратиме посебно внимание на самиот рбетен столб. Многу често се јавуваат проблеми со рбетниот столб и предизвикуваат силна болка во други делови на телото. За да се заштитиме и да и помогнеме во својата функиција постојат поголем дел на ортози.
Ортози кои се користат со цел модификација на структуралните и функционалните карактеристики на невромускулниот и скелетниот систем на грбот. Самите ортози се наменети за контрола, ограничување или имобилизација и ограничено движење во одреден правец. Тоа значи дека имаме олеснување на покретите, корегирање на обликот и функцијата на телото, исправено одење и стабилизација на рбетниот столб.
Ортозите за ‘рбет се наречени спинални ортози.
Целите за примена на спиналните ортози се:
- Намалување на болка;
- Механичко растоварување;
- Корекција на деформитетот на ‘рбетот;
- Имобилизација на ‘рбетот по хируршка интервенција;
- Кинестатски потсетник за избегнување на некои движења во ‘рбетот.
Траењето на употребата на ортозите се одредува индивидуално. Во состојби кога не е во прашање стабилноста на ‘рбетот се препорачува употреба се до состојба кога болниот може да ја поднесе болката и другите тегоби, и без да ја користи ортозата, а кога ортозата се користи за стабилизирање на ‘рбетот по хируршка интервенција или свежа фрактура се носи за да се овозможи побрзо возобнување на коската и меките ткива.
Поделба на ортозите за ‘рбет:
Ортози за врат
Болките во вратот и рамената настануваат со грчење на мускулите кои предизвикуваат нивна крутост и спречуваат нормално движење на зглобовите. Честопати тоа е последица на континуиран стрес, долготрајно држење на телото во лоша положба. Спортските и трајни повреди на вратот се многу чести, а исто така можат да бидат и трајни дегенеративни промени.
Затоа, во нашиот асортиман ќе најдете производи кои овозможуваат соодветно и правилно индицирано лечење на проблемите на вратна кичма. Може да се избере потребен степен на потпора. Се одликуваат со висок степен на удобност. Материјалите од кои се изработени се пријатни за кожата, лесни и едноставни за користење. Ортозите се со атрактивен дизајн и достапни се во различни големини и бои.
Ортози за врат
Ортози за грб
Ортозите за грб се екстерни апликативни помагала кои се користат со цел модификација на структуралните и функционалните карактеристики на невромускулниот и скелетниот систем на грбот. Ортозите наменети се за контрола, ограничување или имобилизација, ограничено движење во саканиот правец, воопштено олеснување на покретите, корегирање на обликот и функцијата на телото, исправено одење и стабилизација на рбетниот столб. Повеќето од овие ортози се конструирани така да ја контролираат и позицијата на карлицата, која е многу важна во статиката на ‘рбетот.
За ефикасно лечење на болките и повредите во грбот достапен е широк избор на ортози, поголем дел од понудата производство на Славеј, со цел воспоставување нормална функција на рбетниот столб за поквалитетен живот.