Појас за половина – помалку болка, поголема стабилност

Речиси 80% од населението, барем еднаш во текот на животот, се соочиле со болка во половината. Најдобро решение при акутна болка и повреди е носење на лумбален појас, кој ја намалува напнатоста во грбот, дава поддршка, ја подобрува циркулацијата и држењето на телото. Според истражувањата, со носење на лумбален појас, за 52% се намалува зависноста од лекови при болка во половината.

За кого е наменет лумбален појас?

Лумбалниот појас е наменет за лица со проблеми во долниот дел од половината како последица на болест или преоптоварување. Не го ограничува движењето, стабилизира, дава поддршка во овој дел од телото и ја ублажува болката. Има позитивно влијание на правилно држење на телото при стоење или при подигнување на тешки предмети. Се препорачува при:

  • Хронично лумбаго, ишијас, реума, болка како последица на промена на времето;
  • Повреда во половината како последица на интензивен физички напор;
  • При активно спортување, со дигање тегови;
  • Лица на кои работното место е поврзано со долготрајно седење или стоење-положби кои прават притисок врз лумбалниот дел на `рбетот.

Како да одберете појас?

Лумбалните појаси од Славеј се наменети за ублажување на оптоварувањето во ‘рбетoт и за намалување на болката. Изработени се од еластичен материјал кој овозможува воздухот да циркулира, совршено се прилагодуваат на анатомијата на телото и се удобни за носење. Секој појас има своја карактеристика со цел да одговараат на различна конституција на телото. За лицата пак кои имаат над стандардна големина, во Славеј може да добијат индивидуално изработен лумбален појаси, според нивните потреби.

Корсет платнен лумбален со фишбајни: има една лепенка во предниот дел што го прави поедноставен за поставување. Појасот е понизок и се препорачува за пониски и постари лица. Во задниот дел поддршката е со четири фишбајни.

Корсет платнен лумбален со фишбајни: има две лепенки напред, повисок заден дел и странични лепенки за дополнително затегнување. Се препорачува кај повисоки лица и лица кои имаат пошироки колкови. Во задниот дел поддршката е со четири фишбајни.

Kорсет платнен лумбален со метални шини: има една лепенка напред и две странични лепенки за дополнително затегнување. Во задниот дел има четири флексибилни метални шини кои даваат поголема поддршка во лумбалниот дел. Се препорачува и како заштита при физичка активност.

Како се користи лумбалниот појас?

Лумбалниот појас делува така што го крева стомакот и со тоа се намалува притисокот врз `рбетот и зглобовите за побрзо оздравување. Може да се користи при  болка во лумбалниот дел, артритис или дегенеративни промени на дискот од `рбетот.

  • Се поставува околу половината;
  • Се прицврстува со велкро ленти;
  • Дополнително се затегнува со двојните странични еластични ленти.

Колку долго се носи појасот?

  • Во акутна фаза, кога е најсилна болката  може да се носи цел ден и во текот на ноќта.
  • Доколку е хронична болка, појасот се носи при активности кои предизвикуваат болка.
Shopping Cart