Кога ќе се соочите со ампутација, може да имате повеќе прашања отколку одговори. Ние сме тука да помогнеме.
- Колкав временски период ќе ми биде потребен за повторно да одам по ампутација?
Ова е индивидуално и зависи од процесот на заздравување по операцијата. Откако ќе се извадат конците и раната ќе заздрави, лицето може да се подготви за користење на привремена протеза.
- Сè уште ги чувствувам прстите, иако ногата ми е ампутирана. Дали е ова нормално?
Да. Ова се нарекува фантомска сензација, а повеќето ампутирани го доживуваат. Ако е непријатно, разговарајте со вашиот лекар за опциите за третман.
- Дали ќе ме боли да одам со мојата протеза?
Не. Вашиот протетичар ќе ви предложи распоред, за да можете да се навикнете на вашeто лежиште без да почувствувате непријатност. Ако ве боли чкунката со протеза, разговарајте со вашиот протетичар.
- Како ќе се држи протезата за ногата?
Постојат многу различни методи на суспензија. Треба да разговарате со вашиот протетичар за најдобрата опција врз основа на вашите потреби. Некогаш се користи вакум суспензија или лајнер.
- Колку често треба да го посетувам протетичарот по испораката на протезата?
Најмалку два пати годишно треба да доаѓате во Славеј за да бидете сигурни дека протезата е во оптимална форма и е безбедна за користење. Некои компоненти имаат специфични начини за одржување, за кои ќе ви се објасни во моментот на испорака на протезата.
- Какви чевли можам да носам со мојата протеза?
Речиси секој чевел може да се користи со вашата протеза. Се препорачуваат индивидуални ортопедски чевли бидејќи се лесни и имаат ѓон што спречува лизгање.
- Кожата ми е црвена кога ќе ја симнам протезата. Дали ова е во ред?
Најчесто појавата на црвени точки е нормална. Проверете ја кожата 20 минути откако ќе ја извадите протезата. Ако црвенилото е резултат на нормални притисоци, ќе исчезне за тoa време. Ако вашата кожа е сè уште црвена по 20 минути, или пределот ве боли, престанете да ја користите протезата и повикајте го вашиот протетичар.
- На мојата протеза и се потребни прилагодувања. Дали треба да донесам некој извештај од лекарот?
Најверојатно не. Доколку се работи за прилагодувања кои не ја менуваат основната природа на протезата, нема потреба од извештај.
- Дали може да се туширам со протеза?
Не, освен ако протезата не е водотпорна и дизајнирана за пливање и бањање.
- Може ли да продолжам да спортувам со протезата?
Да може да се спортува, но за тоа се потребни специјално дизајнирани протези. Разговарајте со вашиот протетичар за оваа можност.
- Кога ќе бидам подготвен да ја добијам мојата трајна протеза?
Трајната протеза се препишува кога волуменот на вашиот екстремитет ќе се стабилизира. Ова може да се случи од три до шест месеци откако ќе ја добиете вашата привремена протеза.