Инвалидска количка, поглед низ прозорецот, нова мисла, нов ден – како да се постигне замислената цел?! Овие неколку работи се почеток на денот на Зоран Јовановски кој е единствениот кај нас, кој со количка учествува на Скопскиот Маратон и ќе вози 42 км.
Во животот вели не постојат препреки, туку можности од кои можеме да направиме повеќе за себе и за опшеството. Воден од желбата да успее овој 45. годишен Струмичанец е неверојатна инспирација за сите нас, дека во животот може да се направи се, но за тоа е потребна само желба и силна волја.
„Кога учествувам на маратони честопати со голем скептицизам ме гледаат останатите учесниците, и речиси секогаш се со прашањето “зар ти ќе издржиш”. На крајот многу од нив не ни успеваат да ја видат целта, но јас и во инвалидска количка успевам да ја поминам. , “објаснува Зоран за тоа како на него гледаат останатите учесници”.
Приказната започна на маратонот во Белград
Повеќе од 25 години, тој храбро се спротивставува на сите општествени и животни препреки. Спортот е негова најголема страст, па во количка тој скија, вози, учествува на маратони.
„Љубовта кон спортот дојде случајно, кога бев поканет да учествувам на маратонот во Белград. Таму прв пат ја почуствував енергијата, која за мене беше заразна. Видов дека можам и од тој момент јас сум дел скопскиот маратон. , “ раскажува Зоран за своето маратонско искуство.
Со активна количка полесно се достигнува целтта
Во неговите успеси од голема помош е и активната количка од Otto Bock, без која не може да го замисли секојдневното функционирање. Со неa полесно се движи и може да направи многу повеќе во животот.
“Честопати луѓето ќе речат тебе лесно ти е да издржиш маратон, ти возиш количка. Но не е така, тој што трча ја користи силата на целото тело, а јас при буткање на количката можам да ја користам само силата на рацете. Но сега имам одлична количка модерна, активна и лесна со која многу ми е полесно и можам многу повеќе да направам.“
По тешката борба со километрите, на крајот од маратонската патека со бакнеж го пречека Жулиета, неговата поддршка и животна сопатничка веќе две децении. Таа е неговата водилка во животот веќе 20 години, со која ги дели убавите, но понекогаш и лошите моменти. Негова инспирација за која многумина ќе речат „Бидете меѓу оние чие присуство ви помага да развивате совршени квалитети!“
Зоран Јовановски е само еден од оние кои секој ден се борат со нов предизвик, здравствен, спортски, психолошки, социјален, емоционален… Додека многумина удобно го поминуваат дел од денот во своите домови, тој не мирува. Постојано вежба за да може да одржи кондицијата за управување со количката и да биде во форма за маратонските предизвици но и да му пркоси на секој нов ден бидејќи не залудно велат „Можете да ги затворите очите кон она што го гледате, но не можете да го затворите срцето пред она што го чувствувате. Бидејќи многупати, силата доаѓа од поразите, а не само од победите!“