Корисни совети за во зима за лица со попреченост

Студеното време може да биде опасно за секого, особено за постарите и лицата со попреченост. Сепак, постојат неколку начини кои може да ви помогнат да се подготвите за ниски температури. Во овој блог, ќе ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат вам и на вашите најблиски да останете безбедни во најстудените месеци од годината.

Облечете топла облека

Еден од најдобрите начини да се стоплите на ладно време е носење повеќе слоеви широка, лесна облека. Oва ќе ви овозможи, полесно да се соблечете или облечете во зависност од температурата на вашето тело. Бидејќи воздухот е заробен помеѓу вашите слоеви облека, тој обезбедува дополнителна изолација.

Избегнувајте памучна облека, која нема никаква изолација и потешко се суши доколку е влажна. Ова може да биде многу опасно бидејќи влажниот памук, може да доведе до хипертермија. Наместо тоа, одлучете се за вештачки ткаенини кои ја извлекуваат влагата од вашето тело и брзо се сушат.

Капи и шалови

Поголем дел од топлината на телото ја губиме преку главата. Затоа капите се еден од  најважни зимски додатоци. Исто така, добро е да носите шал за да ги покриете устата и носот и да ги заштитите белите дробови од студениот воздухот. Иако заштитниците за уши се корисни, имајте на ум дека тие не ја задржуваат топлината на главата.

Ракавици

Tемпературата на телото се губи и преку рацете, па затоа треба да се инвестира во добар пар ракавици. Размислете за термо ракавици со потенок материјал на врвот на прстите, што може да помогне за полесно туркање на количката.

Чизми и чорапи

Добар пар чизми и волнени чорапи се задолжителни за студено време. Обувките треба да бидат добро изолирани и водоотпорни за стапалата да ви останат топли и суви.

Shopping Cart