Компресивните чорапи за вени имаат функција да помогнат во воспоставувањето на правилната циркулација на крвта низ нозете, а со тоа и низ останатите делови од телото, се до срцето.

Иако овој тип на чорапи најчесто се препорачуваат кај веќе попуштени вени, истите можат да се носат и превентивно. За разлика од минатото, современите модели на медицински чорапи за вени се дизајнирани да бидат удобни и пријатни за носење, а сепак дискретни и пријатни „на око“.

При посета на нашите продажни места, нашиот тим ќе ви покаже како компресивните чорапи можете да ги носите со секојдневната облека, а истовремено да ги почувствувате сите благодети од нивното носење.

Ние велиме: Превентивно и здраво, но сепак во тренд!

Што се проширени вени и како настануваат

Додека артериите ја носат крвта од срцето кон периферните делови на телото, улогата на вените е да ја враќаат крвта назад кон срцето. Кога вените се проширени, крвта се задржува подолго во нозете, што може да доведе до следниве симптоми:

  • Отекување;
  • Болка;
  • Тежина во нозете;
  • Во подоцнежни фази –  и до појава на отворени венски рани.

За што сè може да се користат компресивните чорапи

Или подобро кажано – за што сè не може да се користат?

Дали знаете дека медицинските компресивни чорапи поттикнуваат развој и зајакнување на мускулите?

Тие создаваат дополнителен отпор и сила, со што мускулите работат повеќе за да се спротивстават на надворешниот притисок.

Може да се носат и при вежбање или одење, како превенција од проширени вени, особено ако подолго време седите или стоите.

Секако, за да се постигне најдобар терапевтски ефект, чорапите треба да се носат секојдневно и да се изберат во согласност со конкретниот проблем.

Компресивни чорапи за проширени вени

Проширените вени се многу чест здравствен проблем. Почесто се јавуваат кај  повозрасните, но проблемот може да се појави и кај млади лица.

Покрај генетскиот фактор, за развојот на болеста влијаат и лошите животни навики: недоволно движење, лоша исхрана, пушење, како и професии со долго седење или стоење.

Затоа е препорачливо навреме да се делува превентивно – со редовно вежбање и носење компресивни чорапи кои ќе го намалат ризикот од оток и болка.

Превенција и лекување на тромбоза

Тромбозата најчесто се јавува на една нога, но понекогаш е потребно превентивно  да се носат компресивни чорапи и на двете нозе.

Клинички е докажано дека овие чорапи го забрзуваат опоравувањето и превенираат појава на тромбоза, бидејќи со притисок на крвните садови, помагаат тие повторно да ја добијат својата еластичност и функција.

Компресивните чорапи се одлично ортопедско помагало што се користи пред, за време и по операција на површинска и длабока венска тромбоза, како и кај посттромботичен синдром.

Видови и материјали

Нашите чорапи се изработени од висококвалитетна ликра и микрофибер. Тие се препорачуваат кај состојби како:

  • Умерени до силно изразени проширени вени;
  • Болка во нозете;
  • Оток на потколениците;
  • Хиперпигментација на кожата;
  • Нарушена циркулација.

Во понудата има: чорапи до колено, натколено и хулахопки, модели за една нога и др.

Совети за облекување и одржување

  • Носете ги наутро, веднаш по станување или туширање, додека нозете сè уште не се отечени.
  • Користете ракавици или помагало за полесно облекување.
  • По употреба секогаш перете ги рачно со благ детергент, без омекнувач, и сушете ги на воздух.

Нашата мисија

Во лекувањето на хронична венска инсуфициенција, оток, чувство на тежина, воспаление на вени или рани – учествува цел наш тим.

Тука сме да ви помогнеме со квалитетни медицински и ортопедски помагала. Контактирајте нè за повеќе информации или погледнете ја целата понуда на нашиот сајт.