Пред да застанете на скии, важно е да проверите дали вашето тело е подготвено за оптоварувањата што ги носи скијањето. Со оглед на сè почестите повреди за време на скијачките активности, неопходно е да се размислува за нивна превенција. Затоа ортозите и стегачите станаа задолжителен дел од скијачката опрема и неизоставен елемент во секоја скијачка торба.

Зошто да се користат ортози и стегачи за колена при скијање?

Скијањето е спорт што силно ги оптоварува колената. При секое спуштање доаѓа до повторувачки ротации, притисоци и напрегања на мускулите. Поради тоа, засилената стабилизација на зглобовите е од исклучителна важност. Покрај добро развиените мускули на нозете, значаен придонес за стабилизација и заштита од повреди даваат токму стегачите и ортозите за колена.

При изборот на ортози, исклучително е важно да се одбере производ со врвен квалитет, за превентивниот ефект да биде на соодветно ниво.
Наша препорака се ортозите за колена од Ottobock. Ottobock е водечки светски производител на медицински ортози и стегачи за зглобови, дизајнирани да го стабилизираат зглобот и да ја ублажат болката кај постоечки тегоби. Стегачите и ортозите од Ottobock се произведуваат во Германија, а нивниот дизајн и функционалност се резултат на децениски истражувања спроведени во соработка со водечки медицински експерти, специјалисти и врвни спортисти.

Благодарение на анатомски обликуваниот дизајн и еластичните материјали со исклучителен квалитет и издржливост, овие ортози не го ограничуваат движењето, туку обезбедуваат дополнителна сигурност при секое спуштање.

Покрај скијачите, ортозите ги користат и тркачи, планинари, како и лица кои имаат проблеми со повреди на менискусот или лигаментите.

Корсети за половина – поддршка што го менува искуството на снег

Болката во долниот дел на грбот е чест проблем кај скијачите, особено кај оние кои подолг период седат или не се физички активни во текот на годината.
Корсетите за половина од Славеј обезбедуваат соодветна поддршка на мускулите на трупот, помагаат во одржување на правилното држење на телото и го растоваруваат ’рбетот. Со тоа се намалува ризикот од повреди и „вклештување“ на нервите во грбот, а се овозможува подолг и поудобен активен престој на снег.

Подготовка на телото за зима – спој на движење и поддршка

Правилната подготовка за скијање не вклучува само купување опрема и карта за жичница. Подеднакво важни се вежбите за стабилизација, истегнувањето и соодветната поддршка на телото.
Комбинацијата од тренинг за сила и користење ортози и стегачи, може значително да го намали ризикот од повреди и да ја подобри контролата на движењата.

Според експертите, подготовките треба да започнат најмалку четири до шест недели пред заминување на планина, со цел телото навреме да ја стекне потребната сила и издржливост.

Не чекајте повреди — подгответе го вашето тело навреме, бидејќи добрата сезона започнува со сигурно движење.

Целокупната понуда на стегачи и ортози од Славеј погледнете ја на линкот.