Надградбата за WC школка, не се користи само за полесно користење на тоалетот по операција, туку и за да ви овозможи самостојност и достоинство. Во продолжение ќе дознаете како правилно да ја изберете надградбата за WC школка по операција на колк.

Што е надградба за WC школка и зошто ви е потребна?

Надградбата за WC школка е медицинско помагало кое ја зголемува висината на седење. Целта е да се намали напорот при седнување, бидејќи обичните WC школки се ниски и бараат големо наведнување на колковите. Токму затоа лицата често имаат тешкотии при самостојно седнување и станување.

Ова помагало е особено корисно за лица кои се опоравуваат по операција на колк, имаат проблеми со рамнотежа или тешкотии при седнување и наведнување.

Што добивате со надградбата за WC школка?

По операцијата, лекарот ќе ви даде совети како да го зачувате вештачкиот колк што е можно подолго. Еден од тие совети секогаш се однесува на правилно наведнување и седење, особено во првите недели по операцијата.

Затоа е важно да имате надградба која ја подига WC школката и овозможува нозете и колковите да бидат во правилна положба при седење. Со тоа добивате:

  • Полесно седнување и станување од WC.
  • Поголема стабилност додека седите.
  • Намален ризик од повреда или пад при седнување и станување.
  • Самостојно користење на WC – без зависност од семејството.
  • Побрзо опоравување по операција и заштита на новиот колк.

Како паметно да ја одберете надградбата?

За да ја одберете најсоодветната надградба, размислете за вашите потреби и истражете ги достапните модели. Земете ги предвид личните очекувања, а потоа разгледајте ги клучните фактори при купувањето.

Имајте на ум дека не се прифаќа враќање на надградба поради хигиенски причини, па затоа е важно веднаш да го направите вистинскиот избор.

На што да обрнете внимание при избор?

  1. Висина
    Повеќето надградби ја зголемуваат висината за 10 или 15 см. За да ја одредите точната висина:
  • Измерете ја висината од подот до задниот дел на коленото.
  • Измерете ја висината од подот до WC даската.
  • Разликата е висината која ви е потребна.
  1. Стабилност
    Важно е надградбата да биде стабилна. За лица со слабост или проблем со рамнотежа, се препорачуваат модели со рачки – тие овозможуваат сигурно спуштање и подигнување.
  2. Издржливост
    Надградбата треба да биде изработена од квалитетен материјал, најчесто полипропилен. Консултирајте се со продавачот за квалитетот.
  3. Хигиена
    Важно е да може лесно да се чисти. Некои модели имаат поклопец за полесно чистење и дополнителна заштита од бактерии и прашина.

 Најчесто поставувани прашања (FAQ)

  1. Материјал: Тврда пластика.
  2. Чистење: Со вода, благи средства и алкохол.
  3. Подесување: Соодветна за стандардни WC школки.
  4. Рачки или не: За лица со слабост или проблем со рамнотежа се препорачуваат модели со рачки.
  5. Тврдо или меко: Зависи од потребите и чувствителноста.
  6. Нов или половен: Секогаш нова – поради хигиена.