Болка во преден дел на коленото

Болката во предниот дел на коленото генерално се опишува како болка околу чашката на коленото (патела). Типичен термин за ова е „синдром на пателофеморална болка“ (PFPS). Се работи за воспалителен процес на ткивото помеѓу пателата и главата на бедрената коска во коленото.

Што е патела?

Зглобот на коленото е спој на три коски, бедрената коска (бутната коска) и коските на подколеницата – тибијата и фибулата. Чашката на коленото или пателата се наоѓа пред зглобот на коленото, а над неа поминува тетивата на мускулот на бедрото. Тетивата се обвиткува околу пателата и ја држи на место и формира спој со главата на бедрената коска. Поради оваа „конструкција“, пателата  и бедрената коска практично се допираат. Но контактните површини се покриени со ‘рскавица, што го намалува триењето и притисокот. Овој зглоб го нарекуваме пателофеморален зглоб.

Кај здрав зглоб, чашката е поставена во средината на пателофеморалниот зглоб и овозможува правилна распределба на притисокот врз зглобот. Кај пациенти кои страдаат од хондромалација на патела (омекнување на `рскавицата), чашката е малку изместена и не го дистрибуира притисокот како што треба. Резултатот од ова може да биде оштетување на ткивото, воспаление на сврзното ткиво или ‘рскавицата на зглобот со појава на болка во коленото.

Како настанува поместување на пателата?

Поместување на пателата од нејзината правилна положба, може да дојде од различни причини. Една од главните причини е нерамнотежа на силата помеѓу двата дела на бутниот мускул. Често се случува надворешниот дел на бутниот мускул да е значително посилен од внатрешниот дел, поради што пателата се повлекува нанадвор. Ова резултира со неправилно движење на пателата при виткање и исправање на потколеницата.

Кај кого се јавува пателофеморален синдром?

Пателофеморалниот синдром е честа појава кај спортистите и тркачите. Исто така е честа појава кај адолесценти во период на интензивен раст и почесто се јавува кај девојчињата. Кај постарите пациенти, пателофеморалниот синдром се појавува како последица на дегенеративните процеси кои пак се должат на процесот на стареење.

Кои се симптоми на пателофеморален синдром?

Пациентите кои имаат пателофеморален синдром обично чувствуваат болка во предниот дел на коленото и под пателата на коленото. Болката може да стане поинтензивна за време на активност, особено при подолготрајно одење, качување или спуштање по скали, одење по нерамни површини, кревање на тешки предмети. Повремено, пациентите може да почувствуваат болка и вкочанетост кога коленото е свиткано подолго време, на пример при седење.

Како се лекува?

Лекувањето е со физикална терапија. Во многу случаи, синдромот на пателофеморална болка се подобрува при одмор на коленото. Пациентите треба да избегнуваат движења и спортови како што се трчање или фудбал, кои прекумерно го оптоваруваат коленото. Спортовите како пливање, возење велосипед и јога се добри алтернативи за лицата со болка во предниот дел од колено. Тие помалку ги оптоваруваат колената и ги зајакнуваат околните мускули, што има долгорочни придобивки.

Ортоза за пателофеморална болка

Ортозата како што е Patella Pro, исто така, може да обезбеди поддршка за време на третманот. Според истражувањата ортозата Patella Pro помага да се стабилизира зглобот на коленото, а исто така може да се ублажи и болката. Ортозата  има уникатен пристап, кој ја држи пателата во зглобот на бедрената коска кога ќе се свитка ногата.

Patella Pro има механизам за следење на пателата кој безбедно ја води пателата во физиолошкиот зглоб и на тој начин го спречува нејзиното лизгање нанадвор. Со центрирање на пателата во зглобот, притисокот врз ‘рскавицата физиолошки се распределува низ целата површина. Во рок од неколку недели, пациентот може да се качува по скали и да спортува со значително помала болка.

Shopping Cart