Кај сколиозата, коските на ‘рбетот се поместуваат и ротираат, што доведува до негово искривување. Најчесто се дијагностицира во пред тинејџерските и тинејџерските години (11-16 години) за време на периодите на раст. Клиничкиот термин за сколиоза на оваа возраст е „адолесцентна идиопатска сколиоза“. Зборот „идиопатска“ значи дека не e позната причината. Се јавува кај 5% од тинејџерите и почеста е кај девојчиња во споредба со момчињата.
Како се дијагностицира сколиозата?
Идиопатската сколиоза обично се јавува кај здрави деца во период на нагло растење и развој. Дијагнозата најчесто се поставува од ортопед или физијатар кои го одредуваат понатамошниот тек на лекување.
Кои се знаците на сколиозата?
Кривините на сколиозата често прават промени во држењето на детето, состојба која не е болна. Главата може да биде поместена на едната страна од телото, едното рамо може да изгледа повисоко од другото и обично се забележува искривување на половината на едната страна.
Како се лекува сколиозата?
Постојат три докажани третмани за сколиоза, во зависност од степенот на искривување: следење, корсет, физикална терапија и операција.
Како функционира корсетот за сколиоза?
Корсетот за сколиоза прави притисок врз одредени области за да го исправи ‘рбетот. Примарна цел на корсетот е да се стопира прогресија на кривината и да се корегира. Значи, ако детето започне со крива од 20 степени, целта е да се сопре прогресијата на 20 степени и да се намали кривината.
Што го издвојува Центарот за ортотика и протетика Славеј во третманот на сколиозата?
Во Центарот за ортотика и протетика Славеј, годишно се изработуваат повеќе од 700 корсети за сколиоза. Изработката е од тим на лиценцирани ортотичари кои имаат повеќегодишно искуство во изработка на овој тип на корсети. Процесот е индивидуален, дигитален и е во согласност со строгите Меѓународни стандарди за изработка на корсети:
- Дигитално земање на мерки со помош на скенер;
- Врз основа на дигиталните мерки, на современа CAD-CAM машина прецизно се изработува корсетот;
- Се пробува на пациентот и се прават финални корекции.
Совет до родителите
Треба да бидете трпеливи во процесот на лекување и да ги мотивирате децата. Новите истражувања покажуваат дека во 70-80% од децата кои носат корсети, имаат намалена прогресија на сколиозата, во споредба со децата кои не користат корсети во третманот.
За подетални информации јавете се на тел: 00 389 71 325 147 или контактирајте не на mail: marketing@slavej.mk