Опис
- Памучната навлака за чкунка е чорап кој се користи кај лица со ампутација, со цел да се потполни празнината помеѓу екстремитетот и протезата;
- Различната дебелина на овој чорап (мазна или фротир чорап) може да се користи и за да се компензира нерамномерноста на волуменот;
- Изработена од антибактериски памук кој дава мекост и удобност;
- Овој производ има улога и во намалувањето на потењето, посебно во летните месеци;
- Навлаката нема завршен раб,целосно е плетена и поради тоа не доаѓа до иритација на чкункта;
- Се произведува во различни должини и ширини зависно од должината на чкунката.