2303SL
Потколен апарат со ограничување на плантарна или дорзална флексија и скочен зглоб со приклучок на чевли
		
	
		
	
	 
	
	
		
					
				Опис
- Mеханичка ортоза која се изработува по индивидуална мерка, од метални шини поставени на надворешната и внатрешната страна на ортозата;
 
- Спојот со чевли е изведен со метална узенгија која е прицврстена за петата на чевелот и која ја презема улогата на скочниот зглоб;
 
- За подобра удобност обложена е со филц и природна кожа;
 
- Помага кај паднато стапало независно од која причина;
 
- Зависно од тежината и активноста на корисникот металните шини може да се челични или од алуминиумска легура со кои ортозата станува полесна;
 
- Користење на ортопедски чевли во спој со ортозата е неопходно.
 
			 
					
				Медицински индикации
- B91 Секвели од полиомиелит;
 
- G11.1 Церебрална атаксија со ран почеток;
 
- G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
 
- G57.2 Лезија на феморалниот нерв;
 
- G57.3 Парализа на нервус перонеус;
 
- G57.6 Лезија на плантарен нерв;
 
- G35 Мултипла склероза;
 
- G60(G60.0-G60.8) Хередитарна и идиопатска невропатија;
 
- G61(G61.0-G61.9) Воспалителна полиневропатија;
 
- G71(G71.0-G71.9) Примарни заболувања на мускулите;
 
- G80(G80.0-G80.9) Инфатилна церебрална парализа;
 
- G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
 
- G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
 
- I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
 
- M76.4 Тибијален колатерален бурзит – Stieda Pelegrini;
 
- M76.6 Ахилов тендинитис;
 
- S86.0 Повреда на ахилова тетива;
 
- S93.0 Дислокација на зглобот на глуждот;
 
- S93.6 Шинување и истегнување на неозначени делови на стапало;
 
- Т93.4 Секвели од повреди на нерв на долен екстремитет.
-Состојби на одземеност на стопало од различна природа.