Милвоки корсетот (Цервико-торако-лумбо-сакрална ортоза или CTLSO), е активна корективна спинална ортоза за ‘рбет, која обично се користи во третманот на ‘рбетни искривувања кај деца;
Ортозата најчесто се препишува за деца со постурално нарушување, кои не завршиле со својот раст или кои се во период на брз раст;
Не се користи за возрасни или адолесценти кои веќе го завршиле растот, бидејќи нема да има ефект;
Поради ефикасноста и релативната прифатливост на денешните помодерни ортози, денес Милвоки ортозата се користи поретко;
Сепак, сè уште се препорачува за третман на деформитети повисоко во торакалниот или цервикалниот ‘рбет;
Ортозата се изработува по индивидуална мерка на корисникот;
Се состои од прстен околу вратот со налегнување под вилицата и две окципитални влошки на задниот дел од главата за да се избегне висок притисок во пределот на вратот, пластичен карличен појас, алуминиумски шини напред и назад и кожни торакални перничиња;
За постигнување на ефект при лекувањето се препорачува да се носи 23 часa на ден;
Неопходна е редовна контрола од лекар.
Слични производи
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип Шено
Надлакотен корективен апарат со механизам за корекција во лакотен зглоб
Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ЦБВ
Производ
Милвоки мидер
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.