oasdaoasda

2610SLAFO M

Пластична корективна ортоза за корекција на скочен зглоб со мека внатрешна школка, без зглоб (AFO ортоза)

Опис

  • Ортоза на глуждот (AFO), која е изработена по индивидуален отисок, помага за подобрување на начинот на одење преку спречување или ограничување на несакани движења на потколеницата и стапалото, притоа давајќи поддршка на послабите мускули на потколеницата;
  • Исто така се користи за одржување на позицијата на скочните зглобови, корекции на деформитети и помага во намалувањето на спастичноста.
  • За поголема удобност има школка која е обложена во внатрешноста.

Медицински индикации

  • B91 Секвели од полиомиелит;
  • М20.6 Други стекнати деформитети на прстите на стапалата, неозначено;
  • М21.6 Стекнати деформации на глуждот и стапалото;
  • M21.9 Стекнати деформации на екстремитети, неспецифицирано;
  • M24.5 Контрактура на зглоб;
  • M62.4 Контрактура на мускул;
  • Q66(Q66.0-Q66.9) Конгенитални деформации на стапалото;
  • Q76.3 Конгенитална сколиоза поради конгенитална коскена малформација;
  • G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
  • G35 Мултипла склероза;
  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
  • G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
  • G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
  • I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
  • G71(G71.0-G71.9) Примарни заболувања на мускулите.
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.