Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсетНатколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

2105SL / 2506SL

Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб во спој со ТЛСО пластичен корсет

ФЗОМ 2105-2506

Опис

  • Индивидуална ортоза која се изработува од термопластичен материјал со лесни и цврсти метални шини, поставени паралелно по надолжната осовина на екстремитетот за потпора, стабилизација и растоварување;
  • Има лепливи траки за фиксирање и зглоб во колк, колено и скочен зглоб кои ја ограничуваат флексија и екстензија и можат да бидат слободни или закочени;
  • Во спој со ригидна лумбална ортоза изработена индивидуално од термопластичен материјал;
  • Наменет за повреди или заболувања на `рбетниот столб со цел да ги ограничи движењата во тој сегмент и да овозможи стабилизација.

*При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:

-Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога и

-Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

ФЗОРСМ медицински индикации 2105

  • B91 Секвели од полиомиелит;
  • G12(G12.0-G12.9) Спинална мускулна атрофија и сродни синдроми;
  • G24(G24.0-G24.2) Дистонија;
  • G35 Мултипла склероза;
  • G71.1 Миотонични заболувања;
  • G80(G80.0-G80.9) Инфантилна церебрална парализа;
  • G81(G81.0-G81.9) Хемиплегија;
  • G82(G82.0-G82.5) Параплегија и тетраплегија;
  • G83.1 Моноплегија на долен екстремитет;
  • G83.3 Моноплегија неозначено;
  • G83.9 Паралитичен синдром, неозначено;
  • М24.3 Патолошка дислокација и сублуксација на зглоб, некласифицирана на друго место;
  • М24.5 Контрактура на зглоб;
  • М24.6 Анкилоза на зглоб;
  • М24.8 Други специфични оштетувања на зглоб, некласифицирани на друго место;
  • М25.2 Расцепен зглоб;
  • М25.6 Вкочанетост на зглоб, некласифицирано на друго место;
  • М62.3 Синдром на неподвижност (параплегичен);
  • М62.4 Контрактура на мускул;
  • М62.5 Мускулна слабост и атрофија, некласифицирано на друго место;
  • М84.0 Лошо сраснување на фрактура;
  • М84.1 Несраснување на фрактура (псевдоартроза);
  • М87.0 Идиопатска асептична некроза на коска;
  • М91.1 Јувенилна остеохондроза на главата на фемурот;
  • I69(I69.0-I69.8) Секвели од цереброваскуларна болест;
  • Т93.2 Секвели од фрактури на долен екстремитет;
    – Сите видови на млитава и спастична парализа;
    – Контрактури;
  • Q05.7 Лумбална спина бифида без хидроцефалус.

ФЗОРСМ медицински индикации 2506

  • G80.0 Спастична церебрална парализа;
  • G80.3 Дискинетична церебрална парализа;
  • G80.9 Инфантилна церебрална парализа, неозначено;
  • M40(M40.0-M40.5) Кифоза и лордоза;
  • M41(M41.0-M41.9) Сколиоза;
  • М43.1 Спондилолистеза;
  • М49.5 Колабиран пршлен – метастатска фрактура на пршлен (C79.5+);
  • Q67.5 Конгенитална деформација на рбет;
  • Q76.3 Конгенитална сколиоза поради конгенитална коскена малформација;
  • S22.0 Фрактура на торакален пршлен;
  • S22.1 Мултипли фрактури на торакалниот рбет;
  • S23(S23.0-S23.5) Дислокација, шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите на тораксот;
  • S32(S32.0-S32.8) Фрактура на лумбалниот рбет и карлицата;
  • T91.1 Секвели од фрактура на рбетот;
  • M43.1 Спондилолистеза;
  • Во лекување на кифози и сколиози во торако лумбо сакрален дел на ‘рбетник.

Препишува

  • Потврдата за ова ортопедско помагало може да ја издаде ортопед или физијатар.

Напомена

При потреба од ваков вид на помагало, задолжително се препишуваат:

  • Две потврди со шифра 2105 Натколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб, за лева и десна нога;
  • Една потврда со шифра 2506 Корсет за кифоза или сколиоза пластичен тип ТЛСО.

ФЗОРСМ право на ново помагало

  • До 7 години на 12 месеци
  • Над 7 години на 14 месеци
  • 18-65 години на 24 месеци
  • Над 65 години на 36 месеци
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.