Мускулите се важни за држењето на нашето тело, за движењето (за да можеме лесно да седиме, да одиме, да јадеме итн.) и за функционирањето на внатрешните органи. Со помош на мускулите, срцето ја извршува својата функција – циркулација на крвта, а храната непречено се движи низ дигестивниот систем. Во човечкото тело има многу  мускули, од кои околу 650 се само скелетни мускули. Ајде да погледнеме неколку интересни факти за нив:

  1. Мускулите сочинуваат околу половина од тежината на човечкото тело. Мускулното ткиво е околу 15% погусто од масното ткиво.
  2. Потребни се 17 мускули за да се насмевнеме, а 43 за да се намуртиме. Со еден чекор се активираат дури 200 мускули.
  3. Ако мускулната сила се дефинира како способност да се примени сила врз нешто, тогаш мускулот на вилицата е најсилниот мускул во телото. Ако мислите дека јазикот е еден мускул – грешите. Тој е составен од осум мускули.
  4. Мускулната меморија се создава со постојано повторување на движењата. Мускулите се адаптираат, станувајќи посилни и попрецизни во она што го прават. Затоа спортувањето е важно.
  5. Мускулите ги добиваме двапати побрзо отколку што ги губиме. Тоа значи дека ако ни е потребен еден месец за да изградиме мускул, ќе бидат потребни два месеца за тој да се врати во првобитната состојба или сила.
  6. Мускулите не можат да туркаат, туку само да влечат. Кога мислиме дека туркаме нешто, всушност други мускули влечат. На пример, кога туркате нешто со рацете, мускулите на задниот дел од рацете ги влечат лактите.
  7. Мускулите создаваат звук. Кога луѓето би можеле да слушаат фреквенции под 20 Hz, би ги слушнале мускулите како се движат.
  8. Луѓето се исклучително силни. Кога би можеле истовремено да ги активираме сите мускули во телото, теоретски би можеле да подигнеме товар од околу 25 тони.